1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Германски земјоделци „наострени' за одгледување канабис

А.Шубиќ / агенции
27 декември 2021

Коалицискиот договор на новата германска влада предвидува и легализација на канабисот „за рекреативна употреба“. Министерот за земјоделство тврди дека некои земјоделци веќе се подготвени да започнат со овој бизнис.

Билка на канабис на плантажа
Билка на канабис на плантажаФотографија: Katerina Solovyeva/Zoonar/picture alliance

За разлика од цигарите и алкохолот каде и новата коалициска влада предвиува да „посвети поголемо внимание“ во просветлување на младите или на бремените и уште посторги прописи во пропагандата и покровителството за производителите на опојни средства, веќе во предизборната борба многу прашина подигна најавата за целосна легализација на канабисот.

Новиот министер за земјоделство, Џем Ездемир од партијата на Зелените за весникот Велт ам Зонтаг предупредува: никој не треба да се „напуши до бесвест“, но се радува дека ќе дојде крај на тоа „лудило за забрана на канабис“. Легализацијата ја засилува заштитата на младите и на потрошувачите, а го ослеснува и животот на поцицијата, смета германскиот министер за земјоделство.

Канабисот во Германија и сега веќе е дозволен во медицински цели, а ни во иднина нема да биде баш „целосно“ легализиран.

Наскоро „дувањето“ ќе биде легализирано во ГерманијаФотографија: Vincent Michel/Le Mensuel de Rennes/picture alliance

Повеќе: Канабис: Отсега и „Мејд ин Џермани“

Владеачките партии, СПД, Зелените и Либералите, во догледно време сакаат пред парламентот да изнесат закон со кој ќе биде овозможена „надгледувана дистрибуција на канабисот за возраните лица за нивно уживање во овластени продавници“. Во коалицискиот договор, исто така, пишува дека така ќе се „контролира квалитетот, ќе се спречи ширењето на нечисти состојки и ќе се обезбеди заштита на младите“. 

Не треба сега сите!

Но, конзервативната опозиција и натаму е строго против легализација, а баварскиот министер за здравство, Клаус Холчек предупредува дека „канабисот не смее да се смета за безопасен“, а ја обвинува владеачката коалиција оти „не ги слуша предупредувањата на стручњаците“ и опстојува во своите планови за легализација. „Мора да се спречи да се намали прагот на прифатливост и уште повеќе луѓе да консумираат канабис.“

Повеќе: Прва во ЕУ: Малта ја легализираше марихуаната

Според проценките на стручњаците, веќе и сега околу 15 отсто од помладите од 34 години во изминатата година барем еднаш посегнале по џоинт, во групата меѓу од 18 до 24 години тоа е веќе секој петти - и нивниот број навистина полека расте. Полицијата има полни раце работа и со таа „безопасна“ дрога: во 2020 година се спроведени 227.958 казнени постапки поврзани со канабис.

Бум на производството на медицинска марихуана

03:13

This browser does not support the video element.

Муштериите се проблем, не канабисот

Но, веќе и кај легализацијата на марихуана за медицински цели се слушаше дека сега сите ќе посегнат по „трева“, но тоа не се случи. Сѐ повеќе има држави во ЕУ во кои е дозволен канабисот во здравствени цели, но всушност и Холандија како поим за дозволено уживање на канабис во меѓувреме ги заостри своите прописи. Но, проблемот кај Холанѓаните помалку беше канабисот, отколку „туризмот“ на лицата од странство кои таму доаѓаа пред сѐ поради наркотици.

Повеќе: Канабисот влегува на широка врата во Северна Македонија

Коалицискиот договор на германската влада, сепак, предвидува и „внимателно следење“, а потоа и проценка на влијанието на легализирањето на канабисот на крајот на мандатот за да може нешто евентуално да се промени во законот. Сѐ уште не ниту јасно како точно ќе се регулира одгледувањето на канабис, но веќе кај одгледувањето на тутун државата има монопол и не е можно некој на полињата наместо пченка да посади опијат. Но, министерот за земјоделство Ездемир тврди дека германските „земјоделци се во стартните позиции“ и се подготвени во најкус рок да започнат бизнис со канабис.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми