1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалСоединети Американски Држави

Во камион во Тексас пронајдени 46 мртви мигранти

Давид Ел
28 јуни 2022

На периферијата на Сан Антонио, во американската сојузна држава Тексас, во камион се пронајдени десетици тела на мигранти.

USA | Texas | Menschen wurden in San Antonio tot in einem Lastwagen gefunden
Фотографија: ABC AFFILIATE KSAT via REUTERS

Локалната противпожарна служба во Сан Антонио соопшти дека во камионот имало тела на 46 мигранти, а 16 луѓе биле пронајдени живи и однесени се во болница. Меѓу преживеаните има и четири деца. Шефот на пожарникарите, Чарлс Худ, изјави: „Пациентите кои ги видовме беа прежешки за да можеме да ги допреме, страдаа од топлотни удари.“

Во приколката на камионот немало вода. Според Худ, камионот бил всушност со ладилник за транспорт, но системот за ладење не бил вклучен. Вчера локалните метеоролошки станици измериле температури од околу 40 степени Целзиусови, при голема влажност на воздухот.

Најверојатно сите жртви, како што се вели, биле мигранти кои во САД влегле илегално. Мексиканското Министерство за надворешни работи соопшти дека се утврдува дали во случајот се вмешани мексикански државјани.

Во приколката на камионот немало водаФотографија: Eric Gay/AP/dpa/picture alliance

Три лица се уапсени

Според американските безбедносни служби, три лица се уапсени. Криумчарите со луѓе користат камиони за во САД да внесуваат мигрантиод Латинска Америка и за тоа наплаќаат високи суми. Американскиот претседател Џо Бајден при преземањето на функцијата вети дека ќе бидат понудени повторно поедноставни легални начини за влез во САД. На крајот на 2021 година, меѓутоа, повторно стапи во сила правило од времето на Доналд Трамп, според кое барателите на азил мора да чекаат на обработка на своето барање во Мексико.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми