Во Македонија има 35 мултимилионери
16 јуни 2013Според критериумите на WUWR, мултимилионери се лица кои располагаат со најмалку 30 милиони долари,
Македонија на оваа листа се најде на 42-то место, од 45 европски држави. Најмногу мултимилионери во Европа има во Германија, каде што се евидентирани 15.770, по што следи Велика Британија со 10.515 и Швајцарија со 5.595 мултимилионери.
Грција се наоѓа на 20-место на европската листа со 455 мултимилионери, додека Хрватска е лидер во регионот на поранешна Југославија со 260 многу богати лица, што ја стави на 23-место во Европа. Србија е 29-та со 90 мултимилионер, а едно место подолу е Босна и Херцеговина со 85. Словенија е на 34 место со 70, Албанија е 37-ма со 55, а Бугарија е на 40 место со 45 мултимилионери. Зад Македонија, од регионот единствено е Црна Гора, која има 21 мултимилионер.