1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалМексико

Во Мексико уапсен нарко-босот Каро Кинтеро

СН/агенции
16 јули 2022

Рафаел Каро Кинтеро беше во бегство во Мексико девет години. Сега некогаш моќниот нарко-бос е пронајден во грмушка. Тој беше соосновач на првиот голем нарко картел во земјата.

Потерницата на ФБИ за Рафаел Каро Кинтеро
Потерницата на ФБИ за Рафаел Каро КинтероФотографија: FBI/AP/picture alliance

Еден од основачите на нарко картелот Гвадалахара, Рафаел Каро Кинтеро (69), познат по прекарот Нарко де Наркос, е уапсен во мексиканскиот град Гуачочи, јавија синоќа мексиканските медиуми.

Девет години по излегување од затвор, Каро Кинтеро е повторно уапсен, потврди мексиканскиот портал „Инфобае“.

За познатиот нарко-бос се издадени два налози за апсење, еден издаден од мексиканскиот државен обвинител, а го бараат и во САД.

Од апсењето на Рафаел Каро КинтероФотографија: Arturo Hernandez/eyepix via ZUMA Press/picture alliance

Награда од 20 милиони долари

До апсењето, ФБИ го сметаше за еден од десете најбарани луѓе во светот. Правосудството во САД понуди награда од 20 милиони долари за информации кои би довеле до негово апсење, што е најголема понудена награда за еден бегалец.

На потерницата на ФБИ пишува дека Каро Кинтеро во моментов е член на Синалоа картелот, каде што и е роден.

„Се криеше во планините и не се симнуваше оттаму“, изјави поранешниот шеф на ДЕА, Марк Виџил.

Стручњаците нагласуваат дека ова е најважно апсење во шестгодишниот мандат на претседателот на Мексико, Андреас Мануел Лопез Обрадор, дури поважно и апсењето на нарко босот Хозе Антонио Хепез Ортиз, водач на моќниот картел Санта Роса де Лима, кој беше уапсен во октомври 2021 година.

Мексико го израчи „Ел Чапо“

00:37

This browser does not support the video element.

Соосновач на картелот Гвадалахара

Каро Кинтеро е баран поради наводно учество во киднапирање, мачење и убиство на специалниот агент на ДЕА Енрике Кики Камарена во 1985 година.

Тој поради тоа беше уапсен во Костарика истата година и беше екстрадиран во Мексико, каде беше осуден на 40 години затвор, но судот го ослободи по отслужени 28 години, во 2013 година.

Меѓутоа, две години подоцна судот повторно издаде потерница за него.

Каро Кинтеро со Мигел Анхел Феликс Гаљардо и Ернесто Фонсека Кариљо го основаа картелот Гвадалахара.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми