1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во НАТО разочарување и спокојство

15 јули 2007

Со суспендирањето на членството во договорот за ограничување на конвенционалното оружје во Европа, Мосkва би сакала да ја засили својата позиција во спорот околу планираниот ракетен штит во Источна Европа.

Во НАТО не се возбудија многу од чинот на Москва. Јап де Хоп ШеферФотографија: MIA

Иако и НАТО од своја страна во првите официјални реакции зборува за чекор во погрешна насока, во Брисел никој не гледа причини за загриженост од нов студен период или дури од нова трка во вооружување во Европа. Многу повеќе: ваквиот чекор на Москва се очекуваше, па сега се вршат сондажи за новата ситуација.

Руското тактизирање со договорот за НАТО не е новост. Кон крајот на април, на неформалната средба на НАТО министрите за надворешни работи, стигна веста дека Русија има намера да го напушти договорот. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој тогаш лично беше во Осло, не можеше да објасни што всушност би значело напуштањето на договорот. Меѓутоа заканата беше тука, па вчерашната вест од Москва не беше изненадување.

НАТО коментираше со скоро истите зборови како пред неколку месеци во Осло: разочарување и чекор во погрешна насока. Договорот е камен-темелник за безбедноста во Европа. Тогаш, на министерската средба во главниот град на Норвешка, генералниот секретар на алијансата Јап де Хоп Шефер јасно стави на знаење зошто НАТО не ги исполнува руските барања за ратификација на договорот:

„Сојузниците сметаат дека во целост треба да се исполнат таканаречените ветувања од Истанбул. Претходно договорот нема да биде ратификуван. Има министри кои велат: кога Русија ќе ги исполни условите, тогаш ратификацијата е повеќе работа на денови отколку на месеци„.

Во Итанбул во 1990 година, 30 држави се договорија за нова содржина на договорот за конвенционалното разоружување. Таканаречаната „Декларација од Истанбул„ предвидуваше Русија целосно да ги повлече своите трупи од подрачјето на Трансистрија во Молдавија и од Грузија. Тие им припаѓаат на земјите од договорот и тендираат кон НАТО. Алијансата досега не виде повод да го ратификува договорот, иако во крајна линија станува збор за мали руски сили. Москва од своја страна, покрај уште други три држави, го ратификуваше договорот, но сега ја става под прашалник неговата содржина. Средбата во Виена кон средината на јуни за решавање на проблемите заврши без резултат.

Во НАТО, всушсност, сметаат дека причина за се е американскиот план за поставување ракетен штит во Полска и Чешка. Меѓутоа, непосредна поврзаност меѓу двете работи нема. Русија се жали дека САД се повеќе се приближуваат кон нејзините граници. Путин се обиде со неколку понуди во развојот на системот да биде прифатен како партнер, но во последно време се почесто се зборуваше за нов студен период. Воените експерти сепак сметаат дека не треба да се очекува нова трка во воружување. Патем, во Брисел се укажува дека во таканаречениот совет НАТО-Русија постојано се води дијалог. Во врска со ова, генералниот секретар Јап де Хоп Шефер кон средината на јуни рече:

„Станува збор за зрели односи меѓу возрасни. Веќе не сме во детски чевли. Затоа треба да ги скршиме тврдите ореви„.

Во текот на идната недела, амбасадорите на НАТО во Брисел ќе разговараат за новата ситуација.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми