1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во недостаток на гас, Германија се враќа на јаглен

БЈ | дпа
20 јуни 2022

Јаглен наместо гас за производство на струја, побрзо пополнување на резервите на гас: Ова се двете централни мерки со кои германската влада реагира на намалените испораки од Русија. За тоа доби поддршка и од индустријата

Термоелектрана на јаглен во германскиот град Карлсруе
Термоелектрана на јаглен во германскиот град КарлсруеФотографија: Zoonar/picture alliance

Германската индустрија ги поддржува плановите на министерот за економија Роберт Хабек, потрошувачката на гас да се намали во услови на намалена испорака од Русија.

„Мораме колку што е можно повеќе да ја редуцираме потрошувачката на гас, секој киловат час е важен,“ изјави претседателот на индустријата Зигфрид Русвурм, за агенцијата ДПА и додава „Приоритет мора да биде да се наполнат резервоарите за складирање гас за претстојната зима.“

Хабек сака да се преземат и дополнителни мерки за да се заштеди гас и да ја зголеми превенцијата на криза. Ситуацијата ја опиша како сериозна. Поради тоа смета дека треба да се намали употребата на гас за производство на електрична енергија и во индустријата и наместо тоа да се користат повеќе електраните на јаглен. Целта е колку што е можно повеќе да се замени производството на електрична енергија во електраните што работат со природен гас. Треба да се поттикне и полнењето на резервоарите за складирање гас.

Германскиот министер за економија и вицеканцелар, Роберт ХабекФотографија: Britta Pedersen/dap/picture alliance

Термоелектраните на лигнит кои стојат како резервна опција би можеле во релативно брзо време да се рестартираат, изјави Керстин Андре, претседател на Извршниот одбор на Асоцијацијата за енергетски и водни индустрии (БДЕВ), во понеделникот за утринскиот магазин на АРД.  Тврдиот јаглен е исто така можна опција, но тој треба да се увезува и складира.

Во изјава за вестите на вториот канал, ЦДФ, Хабек е уверен дека снабдувањето може да се осигура за претстојната зима.

„Клучно е складиштата за гас да се полни во зима – и тоа до 90%“, вели тој. Во моментов се 57% полни. Ова е еден вид „туркање на рака“ во која првиот човек на Кремљ Владимир Путин е за сега посилен. „Но, тоа не значи дека ние не можеме да ја турнеме ситуацијата во друга насока доколку вложиме напори,“ рече Хабек.

Повеќе: Шолц: Германија мора да е спремна – гасот од Русија може нагло да секне

Русвурм вели дека Германија мора да обезбеди што повеќе извори. Компаниите на пример, секаде каде што е можно, треба да се префрлат на нафта. „Но, има одредени индустриски процеси кои функционираат само на гас. Недостаток на гас е закана за прекин во нивното производство,“ предупредува тој.

Русвурм потврдрува дека мора да се запре производството на енергија на гас и итно да се реактивираат електраните на јаглен. Исто така мора да се забрза и развојот на обновливите извори на енергија.

Германија се подготвува за евентуално намалување или запирање на испораката на руски гас за земјатаФотографија: Nord Stream AG/Russian Look/ZUMA Wire/picture alliance

Првиот човек на фракцијата на партиите на Унијата, Јенс Шпан критикува:„ Доколку уште во март почневме со повеќе производство на енергија од јаглен, а помалку од гас резервоарите сега веројатно ќе беа барем за десет проценти пополни“.

Пред да се бара од граѓаните да „се смрзнуваат“, политичарите треба да ги испитаат сите други можни алтернативи. Директорот на Здружението за хемиска индустрија, Волфганг Гросе Ентруп, рече дека Германија мора брзо и прагматично да ги искористи сите можности за да заштеди гас онаму каде што има опции за тоа, особено кога е можно од гас да се префрли на јаглен мора веднаш да се користат сите капацитети. Гросе Ентруп го поздрави моделот на аукција на гас што го објави Хабек за заштеда на индустрискиот гас како пазарен инструмент.

Ингберт Либинг, директор на Здружението за јавен превоз, ВКУ, вели дека „пред сѐ е најефикасно е враќањето на електраните на јаглен на пазарот на електрична енергија“.

Меѓутоа ВКУ предупредува од паушална целосна забрана на производството енергија од гас или казни за тоа. Карл Хојсген, претседател на Машинското инженерско здружение, ВДМА, изјави дека индустријата го поддржува планот за намалена потрошувачка на гас преку тендери.

Снабдување со нафта и гас: Кои земји би можеле да ја заменат Русија?

02:18

This browser does not support the video element.

“Со ова намалувањето се насочува онаму каде штетата би била најмала”, вели тој. Од друга страна, можната интервенција во производството на електрична енергија е ефикасна, но многу чувствителна мерка. Малите и средни претпријатија се критични кон плановите.

„Со оглед на редуцираната испорака на гас од Русија, постои зголемена загриженост кај малите и средните компании дека ќе изгубат приоритет во однос на снабдувањето со енергија помеѓу топлите дневни соби на приватните потрошувачи и потребите на големата индустрија“, вели Маркус Јергер, првиот човек на Германската асоцијација на мали и средни претпријатија. Планот на Хабек да дистрибуира гас преку аукции може да значи дека малите и средни компании повеќе нема да бидат конкурентни при наддавањето.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми