1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Во очекување на вести од Марс

Ж.А. /агенции
20 октомври 2016

По спектакуларното слетување на Марс, се‘уште е нејасно што се случи со модулот Скиапарели. Сепак, Европската вселенска агенција ЕСА извлекува позитивен биланс од новата вселенска истражувачка мисија.

ESA Sonde Mars
Фотографија: Reuters

Научниците од Европската вселенска агенција ЕСА со часови ноќеска ги обработуваа податоците од Скипарели, коi роботот ги испрати за време на слетувањето на Марс до партнерот Трејс Гас Орбитер, ТГО. Но, контактот со модулот беше прекинат кратко по слетувањето.

Што се однесува до три тони тешката сонда ТГО,  работите поминале во најдобар ред, тврди ЕСА. Вселенското летало се наоѓа во очекуваната орбита и нормално функционира.

Скиапарели, тежок 577 килограми, требаше да слета на Марс по ризичното шестминутно спуштање на површината на планетата, при што беше користен падобран и потисници со цел да се намали брзината од речиси 21.000 километар на час.

Руската ракета-носач од типот Протон со сондата за испитување на траги од гас на Марс и модулот за спуштање Скиапарели  успешно беа лансирани пред седум месеци од космодромот Бајконур во Казахстан. Европа и Русија тогаш ја започнаа новата авантура на Марс, во обид на Црвената планета да спуштат ‘лендер’ и со посебна сонда да ги анализираат гасовите во атмосферата на ова планета, во потрага по некаков облик на живот. Единствена цел на Скиапарели, поради ограничениот капацитет на батериите, е само неколку дена да го истражува тлото и околината на Марс, но модулот треба да го трасира патот за спуштање на нов ровер кој ќе го истражува Марс во потрага за вонземен живот, мисија што е планирана за 2020. година.

Мисијата на Марс делумно успешна

00:39

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми