1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Пакистан сите мора да гладуваат за Рамазан

Шамил Шамс/бг15 јули 2015

Во Пакистан е забрането да се јаде или пие за време на Рамазан. Во спротивно ве очекуваат затворски или парични казни. Повеќе од илјада луѓе починаа поради дехидрација минатиот месец

Фотографија: Imago

Минатиот месец, бруталните жештини убија повеќе од 1,250 луѓе во Пакистан- многумина од нив настрадаа од дехидрација постејќи за време на високите температури. Но дури и тогаш владата инсистираше на почитување на 34 години стариот закон со кој им се наложува на муслиманите да се воздржуваат од јадење и пиење во јавност за време на светиот месец Рамазан.

Во 1981 година, воениот диктатор Зиа-ул Хак го донесе т.н. Почит за Рамазан, исламски закон со кој се предвидуваат казни до три месеци затвор и парични казни за оние што ќе јадат или пијат во јавност.
„Не можеме да дозволиме либерали да ни ја секуларизираат земјата, општеството“, вели Зиа Ахмед, ситен трговец во Карачи. „Почитта за Рамазан е обврзувачка за сите граѓани на Пакистан. Тука не може да има компромис“. Што се однесува до верските малцинства: „Тие живеат во исламска држава и мора да се приддржуваат до нашите правила“.

Рестораните се затворени од зори до зајдисонце, а продавачите продаваат само храна за попат. Доколку сте гладни, жедни или болни- единственото место за вас е дома. Во канцелариите- јавни или приватни- не е дозволено да се јаде.
„Законот е нехуман и ги прекршува основните човекови права“, вели социјалниот активист Абрар Ахмед. „Никој не треба да биде принудуван на ништо. Оние кои сакаат да постат нека постат, но и останатите треба да имаат исти права“, вели Ахмед.

Големите жештини однесоа повеќе од илјада животиФотографија: Getty Images/AFP/A. Hassan

Покажување почит!

Во доцните 1990-ти, Пакистан не беше толку фанатичен и верски нетолерантен како денес. Но дури и тогаш, беше незамисливо да се јаде или пие во јавност за време на Рамазан. Во тоа време можеше да се најдат болнички мензи во близина на универзитетот во Карачи кои служеа храна без проблем. Денес, дури ни болничките кафетерии не служат храна за време на Рамазан. А доколку го сторат тоа, многу е веројатно дека некој ќе ги обвини за богохулење.
„Оние кои не постат треба да се однесуваат како да постат“, изјави верскиот учител Абдул Кудус Мухамади за агенцијата ДПА. „Немуслиманите и постарите или болните муслимани можат да јадат но треба да покажат почит за муслиманите кои постат и да не го прават тоа јавно“, вели тој.

Постојано влошување

Со војната во Авганистан и растот на исламистичките организации како талибанците во регионот, состојбата се влоши во последните години. Верскиот екстремизам и нетолеранција се во пораст во Пакистан.
„Заборавете го Рамазан- јас морам да бидам внимателна што правам во јавност преку целата година: што зборувам, што носам“, вели новинарката Техмина Ниази. „Луѓето се уште по побожни за време на Рамазан и морам да бидам уште повнимателна“.
Во повеќе наврати, и не само за време на Рамазан, луѓето го земаат законот во свои раце и ги казнуваат христијаните и индусите поради наводно непочитување на Исламот.
Шахзеб Сидики, либерален муслиман од Карачи, вели дека почитта е двонасочна: „Доколку верниците не ги почитуваат моите права, ни јас не сум подготвен да ги почитувам нивните. Едноставно така“. „А кога овие луѓе одат во Европа или САД инсистираат на своите права. Протестираат против забраната за бурка во Франција, но не им дозволуваат на христијаните во Пакистан да живеат слободно. Тоа го сметам за хипокризија“.

Малата либерална заедница не може да им се спротивстави на строгите исламски закониФотографија: DW/S.Shams
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми