1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во пензија на 62 или 64 години

ДТЗ /ДВ
19 јануари 2021

Главните законски измени се однесуваат на укинувањето на можноста граѓаните да го продолжат работниот век до 67 години.

Deutschland Rentenerhöhung Symbolbild
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Büttner

Не се предвидени никакви измени околу годините за пензионирање во Северна Македонија. Жените ќе се пензионираат на 64 години како и досега, но и натаму ќе имаат право, доколку сакаат, да одат во пензија со навршени 62 години, но и со најмалку 15 години работен стаж. Мажите задолжително ќе се пензионираат на 64 години и 15 години работен стаж. Отстапки ќе има само за дефицитарни професии во здравството и образованието.

Реакции

По реакциите во јавноста околу измените во предлог-законот за пензиско и инвалидско осигурување, надлежните објаснуваат дека главните измени се однесуваат на укинувањето на можноста граѓаните да го продолжат работниот век до 67 години. Од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопштуваат дека  не се предвидуваат измени во однос на укинувањето на можноста жените да се пензионираат на возраст од 62 години и 15 години стаж, доколу самите одлучат така. Можноста за порано заминување во пензија за жените останува како можност која ја нуди Законот за пензиско и инвалидско одигрување.

- повеќе на темата: Пензиски реформи за празнење, или ново полнење на администрацијата?

„Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во член 18, им остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години, доколку тие така одлучат. Предложените измени на Законот за работни односи се однесуваат само на укинување на можноста за продолжување на работниот век до 67 години, но не предвидуваат измени во однос на укинување на можноста жените да се пензионираат на 62 години, но само доколку тие самите така одлучат. Во спротивно, во согласност со Законот за пензиско и инвалидно осигурување и жените, како и мажите, правото на пензија го остваруваат со навршени 64 години возраст и 15 години стаж“, велат од МТСП.

-повеќе на темата: Прашање на време е кога ќе се зголеми старосната пензија во Македонија

Според официјалните податоци, во моментов над 6.000 лица го продолжиле работниот век за една година. „Согласно Уставот, ние не смееме да правиме дискриминација по пол. И сегашното законско решение тоа го вели, и опстануваме на одредбата дека и мажите и жените се еднакви. Доколку сакаат работат до 64 години, доколку сакаат со 62 години жените да одат во пензија тогаш поднесуваат барање и заминуваат во пензија на 62“, вели во изјава за медиумите Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика.

Ќе се почека за откуп на стажот

Владата го одложува и најавениот проект за откуп на стажот. Лани премиерот Зоран Заев најави носење на нов Закон за пензионирање. Според него, приходите во Фондот за пензиско осигурување растат, па се отвора можност граѓаните кои ќе сакаат порано да заминат во пензија, тоа да го сторат преку откуп на стаж. Сепак, првичните информации беа дека нема да може да се докупат повеќе од 5 години работен стаж.

-повеќе на темата: Старосната граница за пензионирање не се менува, барем засега

„Ова го имаме затоа што приходите во Фондот за пензиско растат и во време на корона-криза и тоа седум до осум отсто. Пред кризата растеа и до 12 – 13 отсто. Фондот како што знаете е стабилизиран и има таква можност…“, изјави тогаш Заев
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска вели дека законот за откуп на стаж е составен дел од владината програма, но не е прецизиран рокот кога треба да биде донесено законското решение. Според неа, важно е да се одржи стабилен пензиски систем со навремена исплата на пензиите. Законот за откуп на стаж останува приоритет на Владата, но засега има приоритетни други законски решенија.
Власта го предложи новиот закон за работни односи во ноември, а планот беше на почетокот на годинава да стапи на сила. Со него беа опфатени околу 10 илјади вработени во јавната администрација, кои треба да заминат во пензија. Законот е блокиран во Собрание, откако опозицијата поднесе 500 амандмани. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми