1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во потрага по кревети

31 мај 2006

Според официјалните податоци на хотелиерите, за светското фудбалско првенство досега се букирани преку милион ноќевања. Сепак, во многу хотели во дванаесетте градови каде што ќе се играат натпреварите се уште има празни соби.

Се уште е можно да се најдат соби по поволни цени
Се уште е можно да се најдат соби по поволни цениФотографија: BilderBox

Во просек двокреветна соба чини 187 евра по ноќевање, сума што не може секој да си ја дозволи. А, официјалното мото на светското првенство гласи:„Светот на гости кај пријатели„! Алетрнатива е престојот кај германски семејства:

Според проценката на туристичките експерти, на светското првенство се очекуват околу 5 милиони посетители. Меѓутоа, не секој од нив може да си дозволи сместување во хотел и затоа бара, и тоа за неколку дена, сместувалиште со поволна цена. На пример, опремена соба кај германско семејство. Таквите понуди можат да се најдат преку интернет. На самостојното подготвените портали, приватни лица нудат соби и тоа во семејни куќи, во станови, но и вили. Овие „берзи на кревети„ всушност се виртуелен пазар. Цената зависи од понудата и побарувачката. На пример под адресата „гутецимер.де„ Франк Гауерт на туристите што ќе дојдат на првенството им нуди приватни сместувалишта со различни дневни цени:

„Почнуваме од 20 евра, а ако станува збор за ексклузивен апартман, тогаш цената стигнува до 90 евра„.

Можности за сместување низ цела Германија можат да се најдат и на порталите под наслов:„Ноќевање кај пријатели„, „Еден покрив за навивачите„ и „Имовелт„. За фудбалските туристи кои бараат соби овие сревиси се бесплатни. За цената и должината на престојот барателот се договара или директно онлајн, или телефонски. Како што информира Франк Гауерт, во меѓувреме барања доаѓаат од целиот свет:

„Добиваме барања од Шведска, од САД, како и од Полска„.

Цените се движат меѓу 20 евра за ноќ во Дортмунд во што е вклучен и доручек пшто го подготвува домаќинката, до 300 евра за стан во Минхен. Издавачот на станот секако не знае кој ќе му се појави во домот. Затоа, Франк Гауерт советува претпазливост:

„Во основа секому советувам: капар. Едноставно треба да се земе кауција„.

Во принцип најдобро е претходно да се потпише договор, вели Ајхард Хофман од Бохум:

„Во суштина, секогаш препорачуваме да се потпише договор, во овој случај за подкираџија. И за тоа постојат формулари во кои се предвидени најважните правила. Во нив на пример стои, кои соби можат да се користат во времето на престојот, и пред се колку ќе чини тоа„.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми