1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Локални избори: 29 општини добија градоначалници

ДТЗ
18 октомври 2021

Независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска води пред Петре Шилегов во Скопје. СДСМ се надева на поддршка од ЛДП за да ја добие Битола.

Nord-Mazedonien Skopje | Kommunalwahlen
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Според податоците на Државната изборна комисија, коишто се објавени на нивната веб-страница, до понеделникот претпладне (18.10) е завршено броењето на гласовите во 67 општини во Северна Македонија, каде во неделата се одржаа локални избори. Целосно се обработени податоците за Градско, Дојран, Лозово, Росоман, Центар Жупа, Богданци, Пласница и Чешиново-Облешево, Арачиново, Берово, Битола, додека во Скопје и скопските општини остануваат уште гласови за пребројување. Во 40 општини ќе има втор круг за избор на градоначалници, којшто ќе се одржи на 31 октомври. 

Во 40 општини ќе има втор круг за збор на градоначалнициФотографија: picture-alliance/AP Photo/B.Grdanoski

Според првичните податоци  на Државната изборна комисија, 29 општини добија градоначалници во првиот круг:

  • Киро Нацков од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Градско - 55,66% од гласовите; 
  • Анго Ангов од СДСМ за градоначалник на Дојран - 53,21%;  
  • Аријан Ибраим од ДПТМ за градоначалник на Центар Жупа - 71,16%;  
  • Звонко Пекевски од СДСМ за Берово - 51,25%; 
  • Блаже Шапов од СДСМ за Богданци - 50,70%; 
  • Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ за Босилово - 58,33%; 
  • Перо Костадинов од СДСМ за Валандово - 57,73%; 
  • Марко Колев од ВМРО-ДПМНЕ за Велес - 51,63%; 
  • Миле Петков од ВМРО-ДПМНЕ за Виница - 54,74%; 
  • Горан Трајковски од СДСМ за Делчево - 51,14%; 
  • Борчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ за Зрновци - 54,54%; 
  • Александар Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ за Илинден - 53,40%; 
  • Димитар Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ за Јегуновце - 50,40%; 
  • Митко Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци - 72,35; 
  • Виктор Паунов од ВМРО-ДПМНЕ за Карбинци - 59,40%; 
  • Сашко Митовски од СДСМ за Крива Паланка - 54,75%; 
  • Николче Мискоски од СДСМ за Кривогаштани - 50,83%; 
  • Томе Христоски од СДСМ за Крушево - 52,70%; 
  • Еркан Арифи од ДУИ за Липково - 72,59%; 
  • Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ за Могила - 57,28%; 
  • Горан Стојанов од ВМРО-ДПМНЕ од Неготино - 51,94%; 
  • Стевче Стевановски од ВМРО-ДПМНЕ за Новаци - 51,29%; 
  • Борче Митевски од ВМРО-ДПМНЕ за Петровец - 63,84%; 
  • Алија Јаоски од ДУИ за Пласница - 76,65%; 
  • Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп - 54,56%; 
  • Стефче Трпковски од ВМРО-ДПМНЕ за Сопиште - 65,03%; 
  • Дејан Владев од ВМРО-ДПМНЕ за Свети Николе - 51,97%; 
  • Костадин Костадинов од СДСМ за Струмица - 53,71%; 
  • Блерим Беџети од ДУИ за Сарај - 65,97% од гласовите. 

Каде ќе има втор круг? 

Според ДИК, втор круг ќе има во Лозово, Бутел, Росоман, Битола, Боговиње, Арачиново, Брвеница, Василево, Вевчани, Врапчиште, Гевгелија, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Демир Хисар, Долнени, Желино, Зелениково, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Маврово, Ростуша, Македонска Каменица, Македонски Брод, Охрид, Ново Село, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен, Студеничани, Старо Нагоричане, Струга, Теарце, Чашка, Чешиново-Облешево, Чучер Сандево. Власта и опозицијата ќе си ги измерат силите и во вториот круг за градоначалник на Град Скопје. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неделата прогласи „голема изборна победа“Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев доцна синоќа рече дека социјалдемократите и нивната коалиција успеале да победат во прв круг или имаат сериозно водство и влез во втор круг во над 30 општини низ земјата.  

Огромна победа најавуваат и од опозицијата. „Првиот изборен круг заврши, но пред нас е вториот круг. Денеска веќе почнуваме со втората етапа. Потенциравме и вчера дека ќе се радуваме, но нема да славиме“, изјави за Утрински брифинг портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. 

Арсовска пред Шилегов 

Според првичните податоци објавени на веб-страницата на ДИК, за градоначалник на Скопје обработени се над 82,67% од гласовите. Независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска освоила 70.012 гласа, додека кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов 65.867 гласа. Двајцата ќе ги измерат силите во вториот круг на локалните избори на 31 октомври. Во Скопје гласале 188.297 избирачи и евидентирани се 13.759 неважечки ливчиња. 

Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ и Христо Кондовски од СДСМ ќе се борат за градоначалничката функција во Битола во вториот круг од локалните избори на 31 октомври. Според првичните податоци од ДИК, од целосно преброени гласови, Коњановски води со 19 571 гласа пред Кондовски со 17.926 глас. Премиерот Зоран Заев синоќа најави дека во вториот круг сметаат на гласовите на лидерот на ЛДП и министер во Владата, Горан Милевски, кој освои 3.343 гласа. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми