Во светот 775 милиони неписмени
7 септември 2012Реклама
Во светот има околу 775 милиони неписмени кои не знаат ниту да читаат, ниту да пишуваат, предупредува УНЕСКО.
Според овие податоци скоро две-третини од неписмените се жени. Поголем број живеат во Јужна и Источна Аизја, како и во Африка.
Една од главните причини за големиот број неписмени УНЕСКО гледа во вооружените судири, се наведува во извештајот објавен по повод Денот на писменоста 8. септември. Војната принудува парите да се издвојуваат за одбрана, наместо за образование.
- Судирите, исто така, го намалуваат економскиот раст, доведуваат до ширење на сиромаштијата и ја уништува инфраструктурата, се наведува во извештајот на УНЕСКО.