1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во советот за безбедност денеска ќе се разговара за актуелната ситуација на Косово

9 јули 2007

Пред дипломатите на земјите членки, шефот на УНМИК Јоахим рикер ќе го претстави извештајот за работењето на администрацијата во последните четири месеци.

Бан Ки МунФотографија: DW

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун во извештајот предупредува дека напредокот на Косово ќе биде загрозен доколку не биде донесена одлука за статусот на покраината. Бан уште еднаш оценува дека предлогот на специјалниот преставник Марти Ахтисари за набљудувана независност на Косово, содржи вистински елементи за одржливо решение.

Шефот на УНМИК во покраината Јоахим Рикер пред советот за безбедност ќе го претстави извештајот за работењето и спроведувањето на стандардите во покраината и резултатите од работењето во последните четири месеци. Минатата недела во Приштина тој изјави дека во извештајот ќе се заложи за што побрзо решение за статусот на Косово.

Инаку до сега во советот за безбедност по предлог на западот беа доставени четири резолуции за идниот статус на покраината. Сите тие содржеа еден вид набљудувана независност, што Русија како земја со право на вето категорично ги отфрла. Неусвојувањето на резолуцијата за Косово е главната причина поради која ЕУ од УНМИК не може да ја преземе должноста во покраината. Минатата недела Брисел предупреди дека ќе преземе соодветни мерки доколку Москва продолжи да се противи.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми