1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Во Тунис уапсен роднина на Амри

СН/ дв
24 декември 2016

Во Тунис се уапсени три осоминчени лица кои се доведуваат во врска со осомнииот атентатор од Берлин, Анис Амри.

Berlin Anschlag - Fahndungsfoto Anis Amri
Фотографија: picture-alliance/Bundeskriminalamt

Трите лица, кои се уапсени уште во текот на вчерашниот ден, се членови на една „терористичка ќелија“ кои биле во контакт со Анис Амри. Едно од уапсените лица е братучед на Анис. Тој призна дека со Амри по шифриран пат контактирал преку еден Арап. Неговиот братучед сакал тој да се заколне на верност на „Исламска држава“. Тој дури му пратил и пари.

Министерството за внатрешни работи во Тунис трите уапсени лица, на возраст меѓу 18 и 27. години, ги означи како една терористичка ќелија. Станува збор за лица кои се уапсени во местото Каируан, во регинот во кој живее и семејството на Амри. Каируан се смета за големо упориште на салафистите.

Мајката на Анис АмриФотографија: picture-alliance/dpa/M. Messara

Според последните податоци на германската полиција, Амри во понеделникот управуваше со камионот со кој влета на божикниот панаѓур во Берлин. Терористичката милиција „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот.

Братот на Анис Амри со родителите во заднина.Фотографија: picture-alliance/AP Photo/R. Dridi

Вчера се појави видео-снимка на која Амри ја искажува својата верност на ИД. Анис Амри е убиен во престрелка со италијанската полиција во миланската населба Сесто Сан Џовани.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми