1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Издавачот на „Џумхуриет“ уапсен

СН/ агенции
11 ноември 2016

Турските власти го приведоа првиот човек од опозицискиот весник „Џумхуриет“, една недела по апсењето на неколкумината вработени во тој весник под сомнение дека поддржуваат терористички организации.

Türkei Akin Atalay festgenommener Chefredakteur der Zeitung Cumhuriyet
Акин АталајФотографија: Cumhuriyet/Vedat Arik

Претседателот на Управниот одбор на весникот, Акин Аталај, е уапсен денеска кога неговиот авион слета од Берлин на меѓународниот аеродром Ататурк во Истанбул.

Налогот за неговото апсење е издаден во истовреме со налогот за апсење и на останатите новинари од весникот.

Истрагата против новинарите од „Џумхуриет“ се води во рамки на истрагата за активностите на весникот поврзани за движењето на проповедникот Фетулах Гулен, кого турските власти го обвинуваат дека го организирал пропаднатиот државен удар на 15. јули, како и за крурдските активисти.

„Џумхуриет“ е секуларно насочен и е многу критичен кон владејачката конзервативна Партија за правда и развој.

Минатата недела, 9 новинари на „Џумхуриет“, чиј главен уредник е Мурат Сабунцу, се притворени, што предизвика загриженост кај активистите за заштита на човековите права и кај меѓународната критика. Полицијата го уапсила Аталај по излегувањето од авион и потоа го одвела со возило кое чекаше на пистата на аеродромот, прецизираше „Џумхуриет“. Весникот наведува дека неговите новинари се бореле „до крај“, во земја каде печатот е посебно погоден од чистка која се води по неуспешниот државен удар во јули.

Меѓу соработниците во весникот кои се притворени минатата недела се и хроничарот Кадри Гурсел и карикатуристот Муса Карт. Противниците на претседателот Ердоган и организациите за заштита на човековите права ја обвинуваат власта дека се служи со вонредна состојба воспоставена по пропадниот државен удар за да ги загуши сите критики.

Турските власти тоа го негираат и тврдат дека се уапсени само новинари кои се поврзани со „терористички организации“, што е термин за ПКК и мрежата на Гулен.

Според Здружението новинари на Турција, 170 раководечки лица од печатот се затворени, 150 новинари се наоѓаат во притвор и 777 новинарски акредитации се поништени од обидот за државен удар на 15. јули.

Според листата на организацијата „Репортери без граници“ Турција е на 151. место во светот по собода на печат во 2016. година. Зад неа е Таџикитан, а пред неа Демократска Република Конго.

Весникот годинава ја доби наградата „Right Livelihood Award", што се смета за алтернатива на Нобеловата награда.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми