1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Хамбург очекуваат тешка битка со Вардар

СН/жа/хсв/миа30 март 2014

Бранителот на титулата во добра форма го дочекува Вардар во реваншот од осминафиналето на Лигата на Шампионите. Ракометарите на Хамбург меѓутоа и во второто продолжение од двомечот очекуваат жестока борба на теренот.

Фотографија: Patrik Stollarz/AFP/Getty Images

Македонските претставници во машката ракометна Лига на шампионите Вардар и Металург денеска ќе се обидат да направат историски успех. Двата најдобри македонски колективи попладнево ќе ги одиграат реванш натпреварите од осминафиналната рунда, во обид, за прв пат две македонски екипи да обезбедат пласман во четвртфиналето на елитното натпреварување.

Први на сцена ќе настапат ракометарите на Металург, кои на гостувањето во Копенхаген, Данска, ќе има почетна предност од шест голови во дуелот против Колдинг, кој во Скопје го победи со 23:17. Дуелот Колдинг – Металург започнува од 16:45 часот.

„Добро подготвени за Вардар“

Шампионот Вардар на гостувањето во Германија против актуелниот европски првак ќе стартува од „нула“ по нерешените скопски 28:28.

Фотографија: Agentur Makfax

Средбата во Хамбург ќе стартува во 18:45 часот. Германските ракометари влегуваат со засилена самодоверба по убедливата победа против конкурентот за висок пласман во Бундеслигата, Фуксе од Берлин во четвртокот вечерта (27.03) од 39:32. „Немаме многу време да се радуваме на победата над Фуксе“ изјави по мечот тренерот на Хамбург, Мартин Швалб, упатувајќи притоа на важниот меч од Лигата на шампионите со Вардар. „Мечот со Берлинчани беше многу добра подготовка за натпреварот против Вардар“ изјави поранешниот ракометар на Металург, Црногорецот Жарко Марковиќ, кој со 9 гола беше најдобар стрелец во редовите на Хамбург на мечот против Фуксе. Неговиот соиграч Штефан Шредер пак изјави: „Тоа ќе биде тежок натпревар. Ќе вложиме сѐ што е можно, за да се доближиме до нашата цел, Фајнал фор турнирот во Келн, каде сакаме да ја одбраниме нашата титула“. На клупската интернет страница се говори дека неизвесен е настапот на Ханс Линдберг, Адријан Фал и Паскал Хенс на мечот со Вардар.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми