1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во ќорсокакот на Ормус

Кристијан Трипе
1 август 2019

Деновиве на виделина излегоа слабостите на германската надворешна политика. Одговорот на Германија на кризата со Иран покажа дека таа на надворешно-политички план е речиси нефункционалена, смета Кристијан Трипе

Deutschland Bundeswehr Rekruten in Parow bei Stralsund
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Büttner

Доналд Трамп и Борис Џонсон и ја олеснуваат работата на владата на германската канцеларка Ангела Меркел. Никој во Берлин не сака да им се придружи на овие двајца во воена мисија во Персискиот залив. Преголема е загриженоста дека Германија може да биде вовлечена во војна со Иран. Како потврда на ова има оправдани шпекулации дека двајцата лидери всушност сакаат да остварат пошироки геополитички цели кои се повеќе од само безбедна зона за транспортни бродови. Со недели САД си игра со оган во Заливот, а нивното еднострано откажување од нуклеарниот договор со Иран го означи почетокот на актуелната криза.

Значи американско-британската алијанса и донесе неочекуван момент на олеснување. Нема шанса Германија да земе учество во ваков тип поморска мисија во теснецот Хормус. Владиното „не“ на барањето за морнаричка поддршка на Вашингтон беше едвај ублажено со дипломатски речник. Во Германија функционира анти-Трамп рефлексот – дури и ако сокрива голема и опасна празнина.

Нарушна репутацијата на Германија во САД

Врвните политичари во Берлин – пред се канцеларката, министерот за надворешни работи, и водечките луѓе во актуелната владина коалиција – сметаат дека слободен меѓународнен трговски транспорт е основа на секој либерален светски поредок. Но доколку се изложени на притисок, германските политичари се повлекуваат. Меркел е на одмор и молчи. Министерот за надворешни Хајко Мас како на лента го повторува владиниот став кој се врти околу зборовите „дипломатија“ и „де-ескалација“. Ополномоштеникот на германскиот парламент за војската, посочува дека морнарицата во моментов нема доволно оперативни бродови. Американската влада пак возврати со безмилосен сарказам – очекувана анти-Берлинска реакција од тимот на Трамп.

Повеќе:

-Германската влада неединствена околу мисија во Ормускиот Теснец

-Иран: Запленетиот британски танкер удрил помал брод

-Иранскиот министер за надворешни работи во тајна мисија во САД?

Репутацијата на Германија во американските надворешно политички кругови беше нарушена и пред Трамп да ја преземе должноста. Германија веќе некое време се смета за сојузник кој постојано дели морални совети, но никогаш не сака да си ги извалка рацете. Заложбата на Берлин да го исполни ветувањето за НАТО дека ќе ги зголеми на 2% од БДП вложувањата во одбраната е нешто што го туркаше и го формализира уште владата на Барак Обама. Документот беше потпишан и од тогашниот министер за надворешни работи Франк – Валтер Штајнмаер од СПД.

Кристијан Трипе, автор на коментаротФотографија: DW/B. Geilert

Денес германските социјалдемократи ја осудуваат оваа безбедносно-политичка цел, - која Германија постојано и намерно ја промашува – како барање кое и е наметнато на земјата од Трамп. Каква полемика. СПД е соочено со историски најниското ниво на поддршка во земјата и се бори за својот опстанок како голема партија. Воени операции се секогаш непопуларни во Германија, а СПД точно знае како да го искористи спротивставување на ваквите акции.

Ова може да биде објаснување за каприците на актуелната надворешна политика. Исто така може да биде објаснување и за разбирањето кое им го покажаа конзервативните коалициски партнери на социјалдемократите. Никој не би сакал да се распадне и онака кревката влада заради некоја фрегата или неколку авиони за набљудување.

И Велика Британија чекаше попусто

Внатрешнополитичките состојби не може да бидат извинување за германските пропусти во иранската криза. Кардиналната грешка ја направија уште пред неколку дена кога Британците предложија европска мисија како придружница на трговските бродови. Британски танкер беше заробен од страна на ирански специјални сили. Британците, заедно со нивните европски партнери, сакаа да се заштитат од такви чинови на државно пиратство. ЕУ во минатото имаше неколку успешни мисии од тој тип во други светски мориња. Но, кој очекуваше дека толку проевропските Германци ќе го прифатат предлогот, се соочи со разочарување. Сериозна дискусија за можно германско учество, за командните структури и за мандатот немаше. Неколку дена подоцна и по промената на премиерот Британците ги придобија Американците. А, Германија ќе мора да биде комотна во политичкиот ќорсокак во кој Берлин самиот се маневрираше.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми