Вчерашниот биланс (101) се доближи до највисоката бројка досега, онаа од 16-ти април кога беа регистрирани рекордни 107 новозаболени. Здравствените власти уверуваат дека олеснувачки фактор е тоа што станува збор за познати кластери, кои се веќе под контрола. Од вчерашните потврдени случаи на позитивни на Ковид- 19, најголемиот број (59) се од Скопје. Најмногу ги има во Чаир - 12, по 10 во Центар и Бутел, по 5 во Аеродром и Гази Баба, по тројца во Кисела Вода и Сарај, двајца во Карпош, и по еден во Петровец, Ѓорче Петров, Шуто Оризари и Студеничани.
Пет совети за подобро физичко и ментално здравје во корона-кризата
Вакцина нема, лек исто така. Експертите, во моментов, не се сигурни ни дека оние кои оздравеле од Ковид-19 се целосно заштитени од нова инфекција. Затоа е препорачливо јакнење на личниот имунитет среде пандемијата.
Фотографија: Fotolia
Здрава исхрана
Докажано е дека здравата исхрана го намалува ризикот од хронични болести како што се проблемите со циркулацијата, дијабетисот или со дебелината. Исто така, со здрава исхрана се намалува и ризикот од депресија и од анксиозност. СЗО потсетува - но тоа важи и без пандемија - дека треба да се остават алкохолот, цигарите и сите останати дроги
Фотографија: picture-alliance/dpa/V. Heinz
Добар сон
Додека спиеме, телото вредно работи: келиите се обновуваат, се отстрануваат отровите, се зацврстува помнењето. Како што покажаа истражувањата, недостатокот на сон влијае не само на физичката состојба, туку и на психичката. Недостатокот на сон нѐ прави поподложни на хронични болести. На поголемот број луѓе им се доволни 6 до 9 часа сон, но важно е да се спие во одреден ритам.
Фотографија: Colourbox
Движење и вежбање
Движењето го исполнува телото со „хормоните на среќа“. Тоа овозможува подобро спиење, ги намалува стресот и стравовите, го зајакнува помнењето. Движење и спорт, па макар и дома - најмалку 30 минути дневно. Тренерите велат дека не важно како ќе ги поделите тие минимални 30 минути - можеби по 10 минути наутро, напладне и навечер? Кога можете излезете на свеж воздух.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. pedersen
Одржување на контактите
Пријателите во овој период на социјална изолација поради коронавирусот се поважни од кога било. Социјалните мрежи се докажано добри за здравјето. Бидејќи излегувањата и собирите сега не се можни, речиси сѐ се одвива на интернет. Но, подобро така отколку никако.
Изолацијата можеби е шанса да се заборави на светот и на надворешните вести. Размислите, што сакате веќе подолго да направите но никако не стигнувате? Нешто во градината, да испробате нов рецепт, да научите да плетете, да прочитате некоја книга која веќе подолго ве гледа обвинувачки од полицата? Сега е идеално време за тоа.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
5 фотографии1 | 5
Кријат податоци и адреси
Според Арбен Зибери, директор на Центарот за јавно здравје - Скопје, најголемиот број на новозаразени во Скопје се членови на исти семејства. Односно, од 15 семејства потекнуваат 90 проценти од новозаболените во градот. Најголемиот број од нив се заразиле преку одење на гости.
„Чаир е најголемото жариште во моментов и има најголем број на новозаразени. Но, и другите општини се под ризик. За споредба, во најголемиот пик во април во Сарај немавме ниту еден заразен. Потоа имавме еден период од две до три недели, кога во Сарај се зголемуваше бројот на новозаразени, но тие беа локализирани во неколку села, во неколку семејства. Во текот на последнава недела гледаме дека во Сарај се стабилизира состојбата. Студеничани е проблем во моментот, исто така и Арачиново, а и во Центар се регистрирани нови случаи, односно во сите скопски општини има нови случаи. Поради тоа сметавме дека не е возможно градот Скопје да се изолира парцијално, и затоа се одлучивме да одиме со целосна изолација на Скопје, а за другите градови предложивме полициски час од 16 часот до 5 часот изутрина", рече Зибери за „Телма“.
Тој се пожали дека граѓаните многу често даваат лажни податоци, а некои не ги даваат ниту адресите на живеење.
До денес се извршени над 32.000 тестирања. Со оглед дека состојбата се менува на дневна основа, не може да се зборува за фиксен број на кластери, а во моментов таа бројка се движи од 20 до 25 кластери. Во секој од нив има од два до 9 заболени.
Во оваа ситуација, важно е што продолжува поддршката на земјава во битката против епидемијата. Денеска во 13 часот пред просториите на Секретаријатот за европски прашања, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на Национален координатор на странска помош во земјава, заедно со евроамбасадорот Самоел Жбогар и министерот за здравство, Венко Филипче ќе ја претстават пристигната помош од ЕУ за нашата земја како поддршка во справувањето со Ковид -19.
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Прво важеа за неефикасни и збунувачки, но се‘ повеќе земји во меѓувреме воведуваат правило за носење заштитни маски против ширењето на коронавирусот. За победоносниот поход на маските, започнат во Азија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Zucchi
Ракавици, мобилен телефон, заштитна маска
Дали и во Германија ќе се воведе обврска за носење заштитна маска? По консеквентната употреба во Азија, институтот Роберт Кох препорача нејзино носење и во Германија. Јена е првиот град кој ја водведе оваа мерка, од 6 април во супермаркетите и јавниот сообраќај таму таа е задолжителна. Како заштита се прифаќа и шал или марамче на устата.
Фотографија: Imago Images/Sven Simon/F. Hoermann
Подарок за пожарникарите
Со оглед на големиот недостиг на заштитни маски, луѓето и институциите се снаоѓаат и сами. На Јутјуб и на Твитер под хаштагот „maskeauf“ многумина демонстрираат колку е едноставно да се изработи маска. Меѓу нив е и професионалната шивачка од Државниот театар Котбус, Керстин Бохов. Маските кои ги изработува оваа костимографка се наменети за пожарникарската служба и за Црвениот крст во Германија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul
Плетени маски
Уметничката Манша Фридрих плете маски за заштита од коронавирус. Нејзините маски се украсени со мотиви на насмеани лица, животни, сонце. Внатрешната страна на маските може да се менува. Уметничката од Хановер не дозволува корона-кризата да ѝ го расипе расположението.
Чешка и Словачка се отидени чекор понапред, таму уште на средината на март е воведена обврска за носење заштитни маски. Оној кој влегува во супермаркет или градски превоз, мора да носи маска. Словачката претседателка Зузана Чапутова и премиерот Игор Матович предничат со добар пример. И Австрија во меѓувреме воведе обврска за носење маски во супермаркет.
Фотографија: Reuters/M. Svitok
Будење на пролетта во Кина
Во Кина заштитните маски одамна се задолжителни за граѓаните. Оваа двојка, без оглед на кризата со коронавирус и ригидните контроли, не сака да се откаже од романтика. Двајцата занесено танцуваат на пролетното сонце и сигурно забораваат на сите останати околу себе.
Фотографија: AFP
Израел не дозволува исклучоци
И во Израел во сила се драстични ограничувања на движењето, кои ги воведе премиерот Бенјамин Нетанјаху, а се контролирани од полицијата и од војската. Кон нив мора да се придржуваат и ортодоксните Евреи. Во квартот Меа Шерим во Ерусалим, еден вооружен полицаец му наложува на својот ултраортодоксен сограѓанин да се прибере дома.
Фотографија: picture-lliance/dpa/I. Yefimovich
Уметност во Појасот Газа
Во густо населениот Појас Газа, уметниците се обидуваат да ги мотивираат граѓаните. Во квартот Шујаија, тие украсуваат заштитни маски со различни мотиви. Владата во Појасот Газа воведе ограничување за движењето на населението и забрана за одржување на сите манифестации. И т.н. „Марш на враќањето“, кој секоја година преку масовни протести се одржува на границата кон Израел, годинава е откажан.
Фотографија: Imago Images/ZUMA Wire/A. Hasaballah
Колумбиски „силници“
Во Колумбија на маските доминираат драстични и впечатливи мотиви. Вилиците на маските на двајцата полицајци се чини се инспирирани од колосот Хулк. Хулк е главната фигура во стрипот на Стен Ли и Џек Кирби, објавен во 1962 година. Приказната за неверојатниот Хулк е адаптирана во бројни филмови и серии.
Фотографија: AFP/L. Robayo
Макрон ќе се справува со недостигот од маски
Францускиот претседател посети фабрика за производство на заштитна облека и маски во Сент-Бартоломи д‘Анжу. Стотици лекари ја критикуваат владата што не набави доволни количини заштитна облека во време на епидемијата на коронавирус, но многумина од нив сепак работат, дури и без заштита. Емануел Макрон планира потребата од заштитна опрема да ја покрие со домашно производство до крајот на годинава.
Фотографија: Getty Images/AFP/L. Venance
9 фотографии1 | 9
Границите и транзитот
Веста за врќањето на рестриктивните мерки во земјава, брзо го обиколи соседството.
„Северна Македонија го врати полицискиот час“, „Македонците одат три дена во карантин“, се само дел од медиумските наслови во соседните земји. Во српски медиуми доминира и прашањето: како српските граѓани летово ќе отпатувааат до Грција по 15-ти јуни, откако таму ќе почнат дa примаат туристи од 29 земји, ако транзитот низ Северна Македонија сѐ уште не е извесен?
„Поради се поголем број заразени од корона вирусот, Северна Македонија го одложи отворањето на најзините граници и големо прашање е кога ќе се реши на тој чекор, бидејќи стравува дека би можеле да имаат уште повеќе увезени случаи, па макар причина за тоа да бидат и само туристите во транзит. Од друга страна, српските граѓани не се во можност да патуваат преку Албанија до Грција, бидејќи воопшто не можат да влезат во Црна Гора, и речиси е извесно дека оваа забрана ќе биде на сила и во наредните две недели. Според тоа, Србите до Грција може да патуваат со авионски превоз, бидејќи аеродромите во Солун и Атина ќе бидат отворени од 15-ти јуни, или како што е поизвесно, а и поевтино, ќе може да патуваат со автомобили преку Бугарија“, коментираат српски медиуми.
И соседните земји се уште водат битка со епидемијата, но во моментов нивните биланси се помали. За илустрација, во Бугарија во изминатото деноноќие биле регистирани 25 нови заразени од 1.174 тестирани.