1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Враќањето на Косово - незамисливо

Зоран Арбутина2 март 2008

Веќе со години најголемиот број бегалци во Германија доаѓаат од Србија, и тоа воглавно од Косово. Но, по прогласувањето на независноста се отвора прашањето за нивно враќање во татковината.

ПриштинаФотографија: picture-alliance/dpa

Во 1999 година сликите на колони со косовските Албанци бегалци го потресоа светот: стотици илјади луѓе бегаа пред единиците на српската војска и паравоените формации. Наспроти тоа, еден друг бегалски бран остана речиси незабележан од светската јавност: откако косовските Албанци ги воспоставија своите управни органи, десетина илјади неалбанци се протерани од домовите. Еден од нив е и Беким Реџепи (името е намерно сменето). Тој до 18 март 2004 година со семејството живееше во сопствената куќа во Вучитрн, место во близина на Косовска Митровица.

На Косово владее сиромаштијаФотографија: Refki Alija

„Тогаш грубо не напаѓаа албанските екстремисти. Ги имаше околу пет до шест илјади. Не исфрлија од куќата, а потоа почнаа да ни ги палат домовите и имотите. Потоа мораше да го напуштиме Косово засекогаш.“

Тогаш околу 5000 Ашкали, меѓу кои и хемискиот инжинер Реџепи со жена му и трите деца си заминаа. Вучитрн не беше исклучок. Слични сцени имаше и во многу други места на Косово. Поголемиот дел од протераните се Роми и Ашкали. Европа им беше единствената алтернатива. Во времето на најголемите протерувања, во Германија имаше 120 000 бегалци од Косово. Денеска од нив се останати уште 33 000 луѓе кои немаат регулиран престој во земјава.

Германија почна да ги враќа на Косово

До сега овие луѓе беа заштитени од присилно враќање во татковината, но од средината на минатиот декември, Министерството за внатрешни работи во принцип одобри враќање на косовските бегалци. Иако Србите и Ромите за сега се изземени од оваа одлука, новата политика веќе започна да се применува. Има случаи на враќање на Косово и на бегалците Ашкали.

Во Германија е одобрено враќање на косовските бегалциФотографија: AP

Тоа е неодговорно, смета Николаус Фон Холтај, претставник на мировната организација „Пакс Кристи“ која се занимава со прашањата на Ромите и Ашкалите. „За припадниците на националните малцинства тешко дека во скоро време ќе има работа, бидејќи Албанците си ја делат меѓу себе. Освен тоа сметам дека нивното враќање е невозможно и поради постојаниот страв на повратниците од неконтролирана реакција на Албанците.“

И портпаролот на организацијата за заштита на бегалците Про Азил, Берн Мешковиќ смета дека поради тоа на бегалците од Косово треба да им се овозможи да останат во Германија: „Германската влада треба да биде попрагматична и да не ја отежнува дополнително ситуацијата на Косово со тоа што ќе ги врати бегалците кои таму треба допрва да се интегрираат, да им се најде сместување за да не се најдат на улица.“

Реџепи нема никогаш да се врати

За Беким Реџепи, во секој случај едно е јасно: тој нема да се врати на Косово. Сегашната виза за престој му истекува за три месеца и ќе треба да види дали ќе му биде продолжена.

Доколку не, ќе отиде на некое друго место. За него и негoвото семејство нема враќање на Косово.„Не мислам дека нема можност за враќање. Но, мора да пројде многу време за воопшто да се започне со процесот на враќање на бегалците.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми