1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Враќање на политичкото насилство во Германија

9 јануари 2019

Страв и трепет: во Бремен е претепан покраинскиот претседател на партијата АфД, а агресија се провлекува и во расчистувањето на случајот. Став од Јенс Турау за враќање кон нормалното однесување.

Deutschland Theater am Goetheplatz Bremen
Фотографија: picture-alliance/imageBroker/T. Robbin

Политички конфликти, кои насилно се решаваат на улица – тоа до скоро беше нешто што во Германија можеше да се чуе само на час по историја кога се тематизираа испадите во 20тите години, кога се судираа левицата и десницата и како последица на тоа имаше безброј мртви.

Брутален напад врз еден од покраинските претседатели на АфД

Политичкото насилство се враќа во Германија: во Бремен пратеникот од Бундестагот и претседател на покраинската АфД Франк Магниц беше претепан и подоцна хоспитализиран заради тешките повреди. Припадници на сите партии беа шокирани. Но,самата АфД, или поточно нејзиниот претседател Јерг Мојтен немаше ништо попаметно да прави од тоа да објави фотографија од претепаниот колега со неговите тешки повреди на главата, се разбира на Твитер. Очигледно ништо не е престрашно за да надвладее разумот, па макар и само на момент. По насилството на улица почна дебата полна говор на омраза. По некое време речиси сите медиуми известуваа за случајот. Тој можеби и многу порано ќе се најдеше во насловите, да се работеше кај повредениот за член на т.н.етаблирани партии. Деснопопулистичката АфД во германските медиуми има малкумина кои и се наклонети, но кога се работи за отворено насилство, таквите граници се бришат. Затоа се подразбира дека и Дојче Веле ја третира темата за насилниот акт во Бремен.

Јенс Турау, автор на коментарот

Каде почнува насилството, каде престанува? Сите познавачи на приликите се единствени во ставовите: тонот во Бундестагот е сменет откако претставници на АфД влегоа во неговите редови. АфД зборува за "алиментирани мажи со ножеви и девојчиња со шамии" мислејќи притоа на бегалците. Паушално етикетирање и полно со омраза. Но, и другите партии се уште немаат најдено начин како да се пристапува на новата десница без ескалација. Со голема вознемиреност пратеникот на СПД, Јоханес Карс, ја обвини АфД: "Омразата грди! Погледнете се во огледало." АфД по изјвата го напушти пленумот во Бундестагот. Сцената беше како во времиња на Вајмарска Република.

Огромното мнозинство молчи

Кој и да е одговорен за нападот врз пратеникот Магниц во Бремен, веројатно (колку што може да се претпостави) е поттикнат од се похистеричната политичка клима од сите страни. Ова особено се гледа на социјалните мрежи. Огромното мнозинство Германци немаат никаква врска со настанот, но се ужаснати, а сепак молчат. Импулсот за смирување на страстите мора да дојде токму од општеството. Од училиштата и родителите. Има поместување во општеството поради што е потребно луѓето повторно да комуницираат повеќе меѓусебно на теми како Истокот и Западот, биолошки Германец и странец, богат и сиромав. Во политиката мора импулсот да дојде од старите партии. Тие и покрај сета жестина на конфронтацијата со АфД мора да внимаваат да се задржи нивото. Од самата АфД тоа не може да се очекува, како што покажа и начинот на кој го истретираа случајот со нивниот пратеник Франк Магниц.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми