По околу две недели мировни преговори во онлајн формат, делегациите од Украина и Русија сега сакаат повторно да остварат физичка средба. Киев планира темелно да ги разгледа руските барања за неутрален статус на Украина.
Реклама
Украина е подготвена да разговара за неутралноста и за ненуклеарениот статус на земјата ако добие безбедносни гаранции, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео-интервју за независни руски медиуми.
„Безбедносни гаранции и неутралност, ненуклеарен статус на нашата држава. Подготвени сме да разговараме за тоа. Ова е многу важна точка“, рече Зеленски.
Одлуката за неутрален статус на Украина би морала да има гаранции од трета страна и да биде потврдена на референдум, објасни тој. Меѓутоа, Зеленски додаде дека нема да седне на преговарачка маса со Русија ако се разговара за „демилитаризација“, некој вид „денацификација“. Тој рече и оти не сака компромис со Русија по прашањето за Донбас. Додаде дека прашањето за рускиот јазик една од темите на преговорите.
Договорот со Русија е можен само ако руските трупи се повлечат од Украина, рече Зеленски. Тој додаде оти руската инвазија предизвикала разорување на украинските градови во кои се зборува на руски јазик и дека штетата е полоша отколку за време на војните во Чеченија.
Зеленски наведе дека не го разбира предлогот за мировна комисија во Украина и оти не сака замрзнат кофликт. Додаде и оти се залага за размена на сите заробеници.
Зеленски за време на 90 минутното интервју за руските медиуми зборуваше на руски јазик, пренесува агенцијата Росјтерс и потсетува дека во меѓувреме рускиот регуглатор за масовни медиуми Роскомнадзор ги предупредил медиумите во Русија да не го објавуваат ова интервју.
Нова рунда преговори во Турција
По околу две недели мировни преговори во онлајн формат, делегациите од Украина и Русија би требало повторно да имаат физичка средба. Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и рускиот претседател, Владимир Путин, се договориле да ја организираат наредната рунда преговори меѓу делегациите на Русија и на Украина, соопштија од кабинетот на Ердоган по неговиот телефонски разговор со Путин.
Како што се наведува, претседателите на двете земји разговарале за најновиот развој на случувањата во руско-украинската војна и за преговарачкиот процес.
„Претседателот Ердоган и претседателот Путин се договорија да го организираат наредниот состанок меѓу руската и украинската делегација во Истанбул“, се додава во соопштението.
Мариупол, градот кој не се предава
Во четвртата недела од руската агресија врз Украина, нападите врз цивилното население се засилуваат. Додека оние кои можат бегаат од Мариупол, Киев одбива предавање на опколениот град.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
Егзодус од Мариупол
Изминатата недела, десетици илјади луѓе се обидуваат да избегаат од уништениот град Мариупол. Од почетокот на војната, стратешки важниот јужен пристаништен град е соочен со непрекинато бомбардирање и ракетни напади, голем дел врз цивилни цели. Според руски извори, околу 130.000 од 440.000 жители на градот и натаму се во него.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
Уништен град
По четиринеделно непрекинато бомбардирање, во градот повеќе не може да се живее. Според градската администрација, 80% од становите се уништени. Многу фотографии од Мариупол прикажуваат уништени или изгорени станбени згради, како оваа на руската државна агенција Тасс.
Руските напади врз цивилни цели во Украина наведоа повеќе западни политичари да зборуваат за руски „воени злосторства“. Меѓу нив се германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок и шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел. Борел рече дека Русија ја уништува Украина без никаква почит за правилата на војување.
Фотографија: REUTERS
Русија тврди дека напаѓа само стратешки цели
Русија тврди дека напаѓа само стратешки и воени цели. Москва ја обвинува украинската единица „Азовски баталјон“ за ракетирањето на театарот во Мариупол. Стотици луѓе се спасија од урнатините, благодарение на бункер во подрумот на театарот, кој сега е целосно уништен.
Проруските сепаратисти, кои го контролираат регионот Доњецк во источна Украина, ги набљудуваат излезите од градот. Тие се отворени само за невооружени цивили кои сакаат да си заминат од градот.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
„Евакуирани“ на непријателска територија
Оваа фотографија, објавена од руската државна агенција Тасс, прикажува луѓе евакуирани од Мариупол во окупираниот Доњецк. Русија тврди дека сака да им обезбеди заштита на украинските бегалци. Градскиот совет на Мариупол, пак, ја обвинува Русија дека им дозволува на сепаратистите насила да ги одведуваат украинските бегалци во Русија.
Мариупол не е единствениот украински град погоден од руските напади. Во северна и источна Украина, ракети и гранати непрекинато паѓаат врз големи градови како Суми, Харков и Киев. Ова се остатоците од трговски центар во Киев откако беше погоден од руски проектил. Четири лица загинаа во нападот.
Фотографија: Daniel Ceng Shou-Yi/ZUMAPRESS/picture alliance
Ukraine rejects surrender of Mariupol
On Sunday, Russia had given Ukraine an ultimatum to surrender Mariupol by Monday afternoon. Ukraine rejected the demand. Instead, thousands of civilians again left the city, which the Ukrainian government says is under continuous fire. According to Russian separatist leader Denis Pushilin, the battle for Mariupol could last weeks longer.
Ердоган истакнал дека Турција ќе продолжи да посредува да се воспостави мир меѓу Русија и Украина. „Ердоган ја нагласи неопходноста да се постигне примирје и мир меѓу Русија и Украина што е можно побрзо и да се подобри хуманитарната ситуација во регионот. Тој додаде дека Турција ќе продолжи да дава придонес во овој процес“, се наведува во соопштението.
Од делегациите на Русија и на Украина вчера беше најавено дека на почетокот на неделава ќе продолжат мировните преговори, а украинскиот преговарач рече оти ќе биде одржани во Турција.
Давид Арахамија, украински пратеник и член на преговарачкиот тим, на Фејсбук напиша дека наредната рунда разговори меѓу Украина и Русија „лице во лице“ ќе биде одржана во Турција од понеделник до среда.
Главниот руски преговарач, Владимир Медински, потврди оти страните се договориле да се сретнат, но наведе дека тоа ќе биде во вторник и во среда.