Со оглед на палестинските повици за протести Израел ги засили полициските сили во Ерусалим спроти традиционалните муслимански петочни молитви. Гневот на Палестинците по спорната одлука на Трамп за Ерусалим расте.
Реклама
Палестинците ширум Западниот Брег и источен Ерусалим денеска планираат маршеви и митинзи по традиционалните муслимански молитви во петок на пладне за да протестираат против одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел. По ваквите повици Израел размести стотици дополнителни полицајци денеска во Ерусалим на Ридот на храмовите во стариот град, место свето и за Евреите и за муслиманите.
„Стотици дополнителни полицајци и граничари се разместени околу стариот град“ , изјави портпаролот на полицијата во Ерусалим.
Нова интифада?
Израелската војска пак во меѓувреме од воздух и од копно нападна позиции во Појасот Газа, како одговор на ракетите кои синоќа беа испукани оттаму кон Израел.
Палестинските фракции, вклучително и Фатах и Хамас повикаа на одржување на маршеви околу контролните пунктови и познатите места на судири со израелските безбедносни сили.
Рдаикалното исламистичко движење Хамас отиде и подалеку и го повика палестинскиот народ веднаш да започне нова интифада, востание против израелската окупација, која би се поклопила со 30-та годишнина од првата интифада од декември 1987 година.
Повикот на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија го поддржа и лидерот на либански Хезболах, Хасан Хасрала, кој синоќа истотака порача дека е време за ново востание.
Абас нема да се сретне со Пенс?
Од палестинската управа во која доминира секуларното и умерено движење Фатах не се очекува да ги спречи демонстрациите, но се верува дека ќе настојува да спречи хаос и зголемување на тензиите, кое би можело да прерасне во вооружен судир. Претставници на Фатах во меѓувреме изјавија дека по одлуката на Трамп, претседателот на Палестинците Махмуд Абас нема, како што беше планирано, да се сретне со американскиот претседател Мајк Пенс во Витлеем. „Оваа средба нема да се случи“, изјави поранешнот шеф на безбедноста на палестинската управа Џибрил Раџуб. „Во името на Фатах велам дека ние нема да се сретнеме со никакви американски претставници во палестинските теротории“. Канцеларијата на Абас меѓутоа досега не го потврди ова.
Пенс, според Раџуб, планирал средба со Абас на 19 декември во Витлеем. Според медиумите, Пенс треба да претстојува во регионот од 17 до 19 декември
Израелските населби на палестински територии
И покрај протестите и политичките предупредувања, израелскиот парламент донесе закон со кој се легализираат илегалните населби на палестинските територии. Критичарите велат дека тоа значи крај на решението „две држави“.
Фотографија: Reuters/B. Ratner
На палестинските територии има повеќе од 200 населби
Според податоците на организацијата за човекови права Бетселем, на Западниот брег и во Источен Ерусалим од 1967 до средината на 2013 година се изградени 125 официјални израелски населби и околу сто „диви населби“. Израелските власти, според Канцеларијата на ОН за хуманитарна помош (ОЦХА), за изградба на населби на палестински територии заплениле 35 проценти од површината на Источен Ерусалим.
Фотографија: Reuters/B. Ratner
Нема шанса за мир?
Во моментов еврејска населба се гради во Хар Хома, на Западниот брег, меѓу Ерусалим и Витлеем. Водечки претставници на Палестинците оценуваат дека израелската политика за градење населби го уништува решението „две држави“ и го спречува мирот со Палестинците. Изградбата на населбите на палестински територии е критикувана и во меѓународни рамки.
Фотографија: picture alliance/newscom/D. Hill
Израел конфискува палестински приватни имоти
Новиот закон за ретроактивно легализирање на станови на доселеници на Западниот брег и во Источен Ерусалим е спорен. Со него се погодени 16 населби. За еврејските доселеници да можат да останат каде што се, предвидена е финансиска отштета за Палестинците кои се сопственици на земјиштето.
Фотографија: Reuters/A. Awad
Уривање на Амона
Новиот израелски закон не важи за куќите на доселениците за кои веќе има судска одлука за уривање. Партијата на доселениците имаше намера со законот да спречи принудно расчистување на населбата Амона. Сепак, куќите на 40 семејства беа испразнети минатата недела, а само четири дена потоа се почна со уривање.
Фотографија: Getty Images/AFP/T. Coex
Барикади и безредија
Одлуката на израелскиот Врховен суд за уривање на Амона беше донесена уште на крајот на 2014 година. Рокот беше повеќепати одлаган. Десните групи и доселениците до крај се обидуваа да спречат евакуација и уништување на местото. Многумина доаѓаа од други места специјално за да демонстрираат. И на спротивната страна имаше насилни протести на Палестинците.
Фотографија: Reuters/M. Torokman
Ескалација при принудното иселување
Жителите на Амона веруваат дека Западниот брег, окупиран од страна на Израел од 1967 година, е дел од територијата која Бог во Библијата му ја наменил на еврејскиот народ. На Западниот брег и во Источен Ерусалим живеат околу 600.000 Израелци. Меѓу доселениците и Палестинците постојано има судири.
Фотографија: Reuters/M. Torokman
Нов дом
На приватни имоти на Палестинци спротивно на законот се изградени околу 4000 станови. Тие треба или да бидат испразнети, или со новиот закон треба да бидат ретроактивно легализирани. Многу од жителите на Амона имаат нов дом во соседните населби, како овде, во Офра.
Фотографија: Reuters/B. Ratner
Принудно иселување во Офра
Но и во Офра има нелегални куќи. До 5 март тука треба да бидат испразнети девет куќи кои се изградени на приватен имот на Палестинци. Куќата мора да ја напушти и семејството Бен Шушан.