1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вртоглав раст на Биткоин, а со него и на ризиците

БГ
27 ноември 2017

Вртоглавиот раст на Биткоин нема крај. Виртуелната валута денеска се приближи до 10 илјади долари, откако само во последните три дена порасна за повеќе од 20 проценти. Експертите предупредуваат на внимателност.

Symbolbild Bitcoin
Фотографија: picture-alliance/dpa/V. Astapkovich

Централните банкари тврдат дека успехот на биткоин е само балон. Но, сепак успехот на криптовалутата ги држи будни ноќе, затоа што приватната валута ја загрозува нивната контрола врз банкарскиот систем и дотокот на пари, што пак може да ја поткопа монетарната политика која ја користат за контрола на инфлацијата.
Откако биткоин се приближи до границата од 10 илјади долари, тие исто така се загрижени дека би можеле да бидат обвинети доколку пазарот се урне. Затоа неколку централни банки се залагаат за регулација со која ќе се воведе контрола. Други пак размислуваат самите да воведат своја дигитална валута и тестираат неколку платформи за плаќање.

„Проблемот со биткоин е што лесно може да прсне и централните банки потоа да бидат обвинети дека не сториле ништо“, вели Евалд Новотни од Европската централна банка.
„Затоа се обидуваме да анализираме дали банкарската активност во однос на тргувањето со криптовалутата треба подобро да се регулира“. 

Повеќе на оваа тема: 

- Австралиецот Грег Рајт- „татко“ на биткоинот

- Виртуелно чудо: Бум на биткоин во САД

- Британец бара загубено биткоин-богатство во депонија

Децентрализирана валута

Глобалниот пазар на криптовалутата е вреден околу 245 милијарди долари, што е мал износ во споредба со трилионите долари на сметките на Банката на Јапонија, американските Сојузни резерви или Европската централна банка.
Но виртуелните валути не се централизирани. Тие не минуваат низ регуларните банкарски и традиционалните системи за наплата. Наместо тоа користат онлајн сметки за трансакција кои се контролирани од анонимни компјутери на интернет. Тоа ги зголеми стравувањата за нивната ранливост од хакери, како што покажаа неколку инциденти изминатите месеци, како и нивната употреба за финансиски криминал.

Раст на биткоинот од октомври 2016 до октомври 2017 година

Затоа, повеќе Централни банки ги забранија криптовалутатите прогласувајќи ги за рискантни средства. Неколку земји, како Кина и Јужна Кореја, отидоа и чекор понатаму, забранувајќи го тргувањето со биткоин, додека Русија ги блокираше интернет страниците кои тргуваат со оваа криптовалута.

Биткоин - богатство загубено на - депонија

01:33

This browser does not support the video element.

Пресвртот се случи во април годинава кога Јапонија го прифати биткоинот како легално средство за плаќање и дозволи регистрација на неколку компании како оператори со криптовалутата, но со обврска претходно да се регистрираат кај владата.

Паралелни криптовалути?

Комерцијалните банки досега ги игнорираа дигиталните валути. Но со растот на електронското плаќање како замена за готовината, тие стануваат свесни за опасноста да загубат дел од бизнисот доколку клиентите одлучат да се префрлат на нив. Поради тоа, швајцарскиот банкарски гигант УБС предводи конзорциум од шест банки кои се обидуваат да креираат сопствена дигитална валута за секоја од големите валути поддржани од централните банки. Тоа ќе им овозможи на финансиските пазари да плаќаат и да заклучуваат трансакции многу побрзо.

Некои централни банки ги разгледуваат можностите за воведување на сопствена дигитална валутаФотографија: picture-alliance/dpa/U. Baumgarten

Некои централни банки како Шведската и Британската ги разгледуваат можностите за воведување на сопствена дигитална валута. Корисниците ќе имаат директен влог во централната банка- исто како со банкнотите, но без непријатноста да мораат да чуваат големо количество готовина.

Во Шведска, каде најголемиот дел од плаќањето е електронски, Централната банка размислува да воведе „е-круна“ за мали плаќања меѓу потрошувачите, компаниите и властите.

Валута издадена од централните банки би можела да го промени начинот на кој се води монетарната политика, овозможувајќи им на централните банки директно да вбризгуваат ликвидност во реалната економија, заобиколувајќи го финансискиот сектор, доколку сакаат да ја зголемат инфлацијата.
Но, тоа може да биде и ризично, доколку депозитарите се обидат да ги претворат своите виртуелни пари во вистински за време на банкарска криза, што пак би го зголемило ризикот за комерцијалните банки.
Висок функционер на Јапонската централна банка вели дека технологијата носи револуција во банкарството, но дигиталните валути нема наскоро да ги заменат нормалните пари.

„Тоа е сѐ уште далеку“, вели Хироми Јамаока, шеф на одделот за плаќање и спогодби на банката.

„Тоа би предизвикало премногу драстични промени во банкарскиот систем“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми