Втора ноќ нереди во Лондон
8 август 2011Втора ноќ по ред британската престолнина Лондон беше зафатена со улични немири, грабежи и подметнување пожари. Нередите кои започнаа во квартот Тотенхем, синоќа се проширија и во уште најмалку два други, претежно сиромашни квартови. Насилниците, претежно млади луѓе, напаѓале полицајци, уништувале возила и продавници. Нередите во Лондон започнаа по протестите поради убиството на еден 29-годишен маж, во четврток вечерта.
Претставник на полицијата соопшти дека минатата ноќта низ Лондон се испратени дополнителни безбедносни сили и е зголемено полициското присуство по улиците. Посебни мерки на безбедност има во Тотенхем, каде претходната ноќ беа запалени и целосно уништени неколку трговски објекти, една самопослуга, неколку полициски возила и еден двоспратен градски автобус. Вкупно беа повредени 26 полицајци, а уште десетмина други лица беа задржани во болница. Досега се уапсени 55 учесници во немирите и грабежите.
Автор: БГ/ТТ/миа/БиБиСи
Редактор: Горан Чутаноски