1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Втора шанса за Набуко

Андреј Гурков/ превод: Ж. Ацеска17 март 2015

Покерот околу идните гасоводи во југоисточна Европа во нова рунда. По стопирањето на Јужен тек, сега рускиот претседател Путин му вдахнува нов живот на проектот на ЕУ, кој се сметаше за мртов, смета Андреј Гурков.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Гасоводот Набуко треба да биде реанимиран! Ова го договорија азербеџајскиот претседател Илхан Алиев и бугарскиот премиер Бојко Борисов неодамна во Софија. Се работи за проект поддржуван од ЕУ, кого Москва од својастрана успешно го торпедираше. Но, сега ненадејно настанува ситуација кога токму рускиот претседател Владимир Путин му вдахнува нов живот на инфраструктурниот проект кој веќе важеше за мртов, а државниот концерн Гаспром пак може да извлече дури најголема корист од него.

Покер околу каспискиот гас

Набуко досега постојано и‘ беше трн в око на Москва, зашто овој гасовод беше јасна конкуренција на рускиот проект Јужен тек. Но, треба само потсетување на хронологијата: Набуко беше прв проект, зашто австрискиот енергетски концерн ОМВ го иницираше веќе во 2002 година и тој требаше да обезбеди лиферување на земниот гас од земите околу Каспиското Море, заобиколувајќи ја Русија. За да го спречи тоа, Кремљ во 2006 година контрираше со идејата за гасоводот Јужен тек, кој во ЕУ практично би поминувал низ истите земји: Бугарија, Унгарија, Австрија.

Проектот Набуко не успеа да ја издржи оваа конкуренција првенствено поради неможноста на неговите инвеститори да обезбедат доволни количини гас за ваков голем гасовод. Тие можеа да се потпрат единствено на азербејџанските наоѓалишта, додека лиферувањата од Туркменистан, Иран и Ирак од различни причини останаа само неодредени опции. Русија, напротив, можеше да контрира со обезбеден потребен волумен на гас.

Така, прво беше отфрлена првичната идеја за долг Набуко-гасовод, кој би почнувал на источната граница на Турција и требаше да води до Австрија. Азербејџанскиот гас сега треба да биде пренесуван преку целата турска територија до границите на ЕУ (Грција и Бугарија) преку Трансанадилскиот гасовод, ТАНАП, чија изградба моментно почнува. За натамошно транспортирање на овој гас на избор беа два можни гасоводни проекти: скратен Набуко-Запад, кој би требало да почне на бугарско-турската граница и Трансјадранскиот гасовод, ТАП, кој би поминувал преку Грција, Албанија и Јадран, се‘ до Италија.

Андреј ГурковФотографија: DW/A. Galkina

Своеволна одлука на Владимир Путин

Азербејџан и неговите партнери во летото 2013 година се одлучија за ТАП, што значеше недвојбен крај за Набуко. Но, на 1 декември 2014 година Владимир Путин за време на неговата посета на Турција ненадејно најави крај за Јужен тек, разлутен што Брисел на неговиот проект-љубимец не му додели специјален статус, инстистирајќи на почитување на законите на ЕУ. Затоа Кремљ му наложи на Гаспром појужно да гради посебен гасовод, Турски тек.

Проблематичноста на оваа одлука е во тоа што таму каде што треба да завршува овој гасовод, имено на турско-грчката граница, воопшто не постои ЕУ-инфраструктура која може да преземе толкави количини руски гас (50 милијарди метри кубни годишно(. Тоа прредизвикува дополнителна нервоза кај Гаспром. Шефот на концернот Алексеј Милер во јануари речиси ултимативно побара од Европејците што е можно побрзо да почнат со градење на соодветен транспортен систем, зашто многу време нема. Најдоцна тогаш беше јасно-плановите за Набуко-Запад треба повторно да се извадат од архивите, зашто тој е единствениот проект кој споредпланот и капацитетот одговара на поставената задача.

Можно сценарио

Со малку фантазија, сега може да се замисли следната слика: за четири до пет години во западна Туерција во близина на грчко-бугарската граница, ќе настане важна раскрсница за гасот. Тука завршуваат ТАНАП и Турски тек, а ќе почнуваат ТАП и Набуко-Запад. Овие два гасовода, согласно на законодавството на ЕУ, ќе им бидат на располагање на сите лиферанти, и така азербејџанскиот и рускиот гас ќе течат кон Запад, односно Северозапад.

Вакво решение би им користело на сите: Азербејџан и Русија би добиле инфраструктура која е во состојба даго транспортира нивниот гас. Турција би добила енергетски јазол кој би можел да биде интересен во иднина и за Туркменистан, Иран и Ирак. Грција, Бугарија и повеќе други земји би касирале транзитни такси. А ЕУ како целина конечно би добила испорачувачите и гасоводите да бидат независни едни од други. Тоа би бил убав пример за меѓународна економска соработка!

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми