1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Втор мандат за Ангела Меркел

28 октомври 2009

Денеска (28.10.09) Ангела Меркел во Бундестагот треба да биде реизбрана на функцијата канцелар на Германија. Како тече изборот и кои се задачите на сојузниот канцелар?

Ангела МеркелФотографија: AP

Новиот 17-ти состав на германскиот Бундестаг брои 622 пратеници. Мнозинството од нив треба да гласа за Ангела Меркел, за таа да остане канцелар. Тоа би биле 312 гласови. Партиите на Унијата и ФДП располагаат со вкупно 332 гласови - значи реизборот се смета речиси за сигурен.

Постапката на избор не е спектакуларна

Претседателот на Бундестагот ќе ја отвори седницата и ќе соопшти дека сојузниот претседател Хорст Келер ја предлага Ангела Меркел за иден канцелар. Потоа се повикуваат пратениците, еден по еден по азбучен редослед и тие го даваат својот глас. Кога ќе биде избрана Ангела Меркел ќе замине во замокот „Белви“, службената резиденција на германскиот претседател. Таму ќе го прими указот за именување за сојузен канцелар. Потоа таа ќе се врати во Рајхстагот, каде ќе положи заклетва пред Бундестагот.

Замокот „Белви“

Еден сојузен канцелар, не мора да му припаѓа на Бундестагот. Досега сите сојузни канцелари со исклучок на Курт Георг Кисингер, кој беше канцелар од 1966 до1969 година, имале место во парламентот. Политичарот на ЦДУ Кисингер имено претходно беше премиер на покраината Баден Виртемберг. Шефот на првата германска Голема коалиција меѓу Унијата и СПД беше и единствениот канцелар, кој не беше реизбран. Така што вториот мандат на Ангела Меркел е безмалку и германска традиција. Канцелар со најмногу мандати е Хелмут Кол, тој четирипати беше реизбиран на функцијата.

Бундестагот и Бундесратот - контролни механизми

Сојузниот канцелар ја раководи владата, а е контролиран од страна на парламентот. Според германскиот устав, сојузниот канцелар ги дава насоките во политиката. Но затоа постојано мора да обезбеди мнозинство во Бундестагот, а по многу прашања и во Бундесратот, застапништвото на 16-те германски покраини.

Германскиот БундестагФотографија: AP

Кој ќе биде во составот на владата, одлучуваат коалиционите партнери, иако сојузниот канцелар формално ги предлага министрите и нив ги назначува претседателот. Сојузниот кабинет ги носи одлуките со мнозинство, така што може да го надгласа канцеларот. Моќта на канцеларот е многукратно ограничена. Сепак тоа е со голема предност, најважната политичка функција во Германија.

Автор: Петер Штитцле / Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми