1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Втор обид за евакуација на жителите од Мариупол

ЖА / агенции
6 март 2022

По неуспешното вчерашно примирје, денеска се прави нов обид граѓаните од Мариупол безбедно да го напуштат градот.

Ukraine Russland Krieg Mariupol Rakentenbeschuss
Фотографија: Evgeniy Maloletka/AP Photo/dpa/picture alliance

Во украинскиот пристанишен град Мариупол денеска започна нов обид за евакуирање на луѓето преку хуманитарен коридор. Проруските сепаратисти од самопрогласената т.н. „Народна Република Доњецк“ соопштија дека првите 300 луѓе го напуштиле градот „и покрај провокациите од украинските националисти“. Наводите не можат да се проверат.

Евакуацијата е планирана со почеток во 11 часот по средноевропско време, соопшти претходно Павло Кириленко од Координативниот центар на градот, предвиден е прекин на огнот од  9 до 21 часот по средноевропско време.

Во градот живеат околу 440.000 жители, а хуманитарниот коридор е договорен по преговорите меѓу руската и  украинската армија

Украинци се враќаат во татковината за да се борат

01:54

This browser does not support the video element.

Евакуацијата требаше да почне уште вчера, по привремениот молк на оружјето луѓето требало да бидат изнесувани од градот со автобуси, чие поаѓање било од три пункта. Жителите смееле да го напуштат градот и со автомобили, меѓутоа нејасно е дали и колку луѓе вчера успеале да избегаат од опустошениот  Мариупол.  Украинската страна ја обвини Русија за непочитување на примирјето, Москва ги отфрли обвинувањата.

Денешната евакуција според најавите треба да ја поддржува и Црвениот крст.

Според наводи од организацијата Лекари без граници, хуманитарната ситуација во Мариупол е катастрофална. Во куќите нема ни вода ни струја. 

Вчера, по неуспешното затишје, руската војска продолжила со гранатирање на  Мариупол  попладнето и во текот на ноќта. 

Мариупол се наоѓа во близина на фронтовската линија меѓу проруските сепаратисти од Источна Украина и украинската армија. Заземањето на градот би овозможило поврзување на руските трупи со единиците од Крим и Донбас.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми