1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Вухан: Враќање во нормалноста засенето од недоверба

Вилијам Јанг
1 април 2020

Вухан прво го погоди епидемијата на новиот коронавирус, а потоа и карантинот кој го наложија властите во Пекинг. Сега кинеската влада нареди враќање во нормалноста. Многу жители на градот се скептични.

China Wuhan | Coronavirus | Paar in Schutzanzug
Фотографија: Getty Images/AFP/N. Celis

Милионската метропола во централна Кина, каде прво се појави новиот коронавирус постепено се враќа кон нормалното секојдневие. Во изминатата недела владата во Пекинг најави крај на масивните ограничувања на слободата на движење во Вухан. Градските автобуси повторно сообраќаат, како и шест од вкупно девет линии на подземната железница.

По повеќе од двомесечната забрана за движење, враќањето на нормалниот тек за многу граѓани нема да биде едноставно, вели Бен за ДВ. Тој живее во станбена населба  и се занимава со недвижности. Вели оти ќе му биде потребно уште време, пред повторно да почне да се чувствува добро меѓу луѓе.

Фотографија: picture-alliance/Xinhua/S. Bohan

Бен исто така е скептичен кога станува збор за поимот „победа“ над коронавирусот: „Порано за време на викендот со задоволство одев со пријателите во кино или на некои други настани. Но, додека епидемијата не помине во целост, подобро ќе останам дома“.

„Луѓето се снаоѓаа сами“

Бен и неговиот сограѓанин Ерик- никој од нив не сакаше да го открие вистинскиот идентитет- со мешани чувства сведуваат биланс за дејствувањето на владата и државните служби во кризата. „Изолацијата и забраната на движењето беа неопходни мерки за сузбивање на епидемијата“, вели Бен. „Но централната влада во Пекинг не разви механизам со кој на граѓаниите ќе им овозможеше да ги задоволат своите основни потреби во оваа екстремна ситуација. Луѓето мораа сами да се снаоѓаат“.

Кина: Со сите сили и методи против корона-вирусот

01:14

This browser does not support the video element.

Повеќе:

-Заврши изолацијата на Вухан

-Кина во борба против корона-вирусот со масовни карантини

-Новиот метод на броење донесе драматичен раст на заболени од коронавирус

Ерик, пак, вели дека се уште се сеќава на очајот на семејствата чии членови поради лекувањето беа раздвоени според симптомите и староста. „Владата од самиот почеток ги запостави правата на граѓаните на Вухан“, вели овој инженер и семеен човек за ДВ.

Од друга страна, кинеската власт во сузбивањето на епидемијата консеквентно се потпирала на жителите на одредени градски населби. „Беа мобилизирани доброволци и локални државни службеници, за телефонски да контролираат дали домаќинствата се придржуваат кон мерките за забрана на движењето. Тие извршуваа набавки на секојдневно потребните намирници за семејствата. Тие не држеа за време на епидемијата“, вели Ерик.

Не е време за „победничко славје“

Од почетокот на март, раководството во Пекинг ја прогласи својата победа над вирусот. Но,  за граѓаните на Вухан има многу поважни работи од победничката прослава. „Не сакам да слушам за ’големата победа’ на владата над коронавирусот“, вели Бен. „Сега треба да размислиме за грешките што ги направи владата во последните два и пол месеци, за причините за избувнување на епидемијата, односно да се испита пандемијата и да се обидеме да најдеме подобар начин на превенција“.

Фотографија: Reuters/A. Song

Во последните неколку дена, во провинцијата Хубеи, во која се наоѓа Вухан. не е официјално регистрирана нова инфекција од коронавирусот. Граѓаните, пак, се прашуваат дали ова одговара на реалната слика. Ерик предупредува дека на почетокот на епидемијата, болниците во Вухан честопати не ги тестирале и лекувале пациентите и покрај симптомите, што пак довело до многу смртни случаи. На крајот, ваквите случаи не влегоа ниту во статистиката на починати од Ковид-19.

Колку се веродостојни официјалните бројки?

„Мнозинството луѓе од Вухан, па дури и членови на владејачките структури, не веруваат во официјалните бројки“, вели Ерик. Тој забележува дека и тој и многу негови познаници се убедени дека не се пријавуваат нови случаи  на заразени, бидејќи владата ќе мора да објасни зошто и даде зелено светло на економијата. Во Вухан сè уште има нови извештаи за инфекции, а меѓу нив има и пациенти кои биле тестирани позитивно и по напуштањето на болницата “.

Фотографија: picture-alliance/Xinhua/S. Bohan

Но, многу нешта зависат од веродостојноста на официјалните бројки, и тоа не само кредибилитетот на владата во Пекинг. „На луѓето им се потребни  вистински информации за да можат да ги проценат ризиците. Што ако дојде до повторно избувнување на епидемија од вирусот  во Вухан? Тоа прашање вознемирува многумина, додека владата притиска да се вратиме на работните места “.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми