1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вучиќ обвини „странски служби“ за протестите во Белград

БГ /АП
8 јули 2020

Српскиот претседател ретерираше од намерата претстојниот викенд да воведе продолжен полициски час поради растот на бројот на новозаразени од коронавирусот.

Serbien Wahl 2020 | Aleksandar Vucic, Präsident
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Isakovic

Синоќешните насилни протести во Белград против најавениот полициски час го предомислија српскиот претседател Александар Вучиќ. Денеска во обраќање до нацијата тој соопшти дека се откажува од таа намера, иако ја смета за исправна.

На улиците на Белград синоќа владееше хаос откако илјадници луѓе излегоа на протести и се обидоа да влезат во зградата на парламентот, незадоволни поради најавата за продолжен полициски час за време на викендот. Српските власти размислуваа за ваков потег откако бројот на новозаразени од коронавирусот почна засилено да расте последните денови.

Критичарите го обвинуваат автократскиот српски лидер дека придонел кон ширењето на заразата со прераното укинување на рестриктивните мерки во пресрет на изборите во земјата на 21 јуни.

Демонстранти пред сојузниот парламент во БелградФотографија: Getty Images/AFP/A. Isakovic

Вучиќ најави дека владата ќе одлучи за новите мерки кои би можеле да опфаќаат скратено работно за време за ноќните клубови и казни за неносење маски.

За вчерашните протести „на десничарските и профашистичките демонстранти“ во Белград, Вучиќ обвини странски тајни служби, но не ги именуваше. Притоа, тој го бранеше однесувањето на полицијата која во неколку наврати жестоко се пресметуваше со демонстрантите со употреба на солзавец и палки.

„Никогаш нема да дозволиме дестабилизација на Србија одвнатре и однадвор“, рече Вучиќ додавајќи дека „протестите немале никаква врска со коронавирусот“.

Српската полиција соопшти дека привела 23 лица по протестите кои траеја повеќе од 6 часа. Во судирите биле повредени 43 полицајци и 17 демонстранти, тврди полицијата.

Бурна ноќ во Белград

02:14

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми