Вучиќ се заканува со бојкот на Брисел
13 декември 2016Германската новинска агенција ДПА пренесува дека српскиот премиер Александар Вучиќ нема да учествува на церемонијата доколку Хрватска не се откаже од отпорот за отворање на поглавјето 26 (култура и образование) восрпските пристапни преговори со ЕУ.Доста е од барања, изјавил Вучиќ. Официјален Загреб инсистира на подобрување на положбата на хрватското малцинство во Србија, посебно во врска со учебниците.
Германската канцеларка Ангела Меркел, како што пишува ДПА, вчера го „предупредила“ хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека билатералните проблеми треба да ги решава билатерално. Ова го изјавила на прес-конференцијата по состанокот со Пленковиќ во Берлин.
„Вучиќ ги губи нервите“, вака хрватските медиуми го коментираат „изненадувачкиот чекор“ на српскиот премиер, пренесува ДПА. За денеска во Брисел е планирано отворање на поглавјата 5 (јавни набавки), 25 (наука и истражување), додека поглавјето 26 веројатно нема да биде отворено.
Вучиќ неодамна најави дека смета на влез на „својата сиромашна земја“ во ЕУ пред 20125 година.