1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вјоса Османи- нова претседателка на Косово

СН/дв | агенции
5 април 2021

Парламентот ja избра 38-годишната правничка во вториот обид. Нејзиниот претходник, Хачим Тачи, поднесе оставка поради обвинението покренато од Специјалниот трибунал за Косово во Хаг.

Kosovo I Vjosa Osmani I Wahlen
Фотографија: Visar Kryeziu/AP/picture alliance

Вјоса Османи освои 71 глас во парламентот, кој има 120 места. По нејзиниот избор, политичарката, која меѓу другото е образувана во САД, повика на дијалог со Србија за нормализирање на односите меѓу двете страни. Но, таа веднаш постави и услов: владата во Белград прво мора да се извини и да ги покрене обвиненија против одговорните за војната во 1998/99 година.

Османи веќе беше привремено на функцијата од ноември минатата година по оставката на Тачи. Нејзиниот мандат истече со преземањето на валста од страна на новата влада напремиерот Албин Курти и неговото анти-естаблишментско движење „Самоопределување“ . Тоа извојува убедлива победа на парламентарните избори на Косово во средината на февруари.

Фотографија: Armend Osmani/AFP

Избор во вториот круг гласање

Гласањето во парламентот првично не успеа во саботата поради бојкотот на опозицијата и на српското малцинство и  ако повторно не успееше, повторно се закануваа предвремените избори во земјата. По повеќечасовната блокада, собраниската седница беше одложена за во недела. Пропаднатиот прв обид за избор на Османи се толкува како неуспех за премиерот Курти.

Повеќе:

-Која е новата шефица на дипломатијата на Косово?

-Нова влада на Косово: Пандемијата - главен предизвик

-Вашингтон е јасен, но што Брисел очекува од Курти?

Опозициските партии и претставници на граѓанското општество го критикуваа изборот на Османи и рекоа дека во кревка демократија како онаа на Косово, не е добро ако претседателот, премиерот и  претседателот на парламентот доаѓаат од иста партија. Османи не е членка на „Самоопределување“, но беше на нивната листа на изборите во февруари.

Спорна точка меѓу Србија, Русија и ЕУ

Косово, со своите 1,9 милиони жители, ја прогласи својата независност од Србија во 2008 година, која Србија, поддржана од Русија, не ја признава. Зад сцената, особено Европската унија се залага за решавање на спорот и пумпа милијарди во регионот. Сите држави од Западен Балкан се сметаат за земји кандидати за членство во ЕУ. Косово важи за најсиромашна земја во регионот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми