1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србија треба да ја признае независноста на Косово

ЖА / агенции
15 февруари 2018

Германскиот министер за надворешни работи ја повика Србија да го признае независно Косово, зашто тоа е главен услов да биде примена во ЕУ.

Außenminister Gabriel zu Besuch im Kosovo
Фотографија: picture-alliance/V.Kryeziu

Основен услов за Србија да биде примена во ЕУ е да ја признае независноста на својата поранешна провинција Косово, изјави германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел на синоќешната заедничка прес-конференција со косовскиот премиер Рамуш Харадинај во Приштина. Освен тоа, централна улога има функционирањето на правната држава, а ваквата порака, као што рече, Габриел ѝ ја пренесол на српската влада при посетата на Белград.

Зигмар Габриел и српскиот претседател Александар Вучиќ на средба во БелградФотографија: picture-alliance/dpa/S. Stein

Србија сѐуште не го признава Косово за самостојна држава, надевајќи се дека тоа нема да претставува предуслов за нејзино членство во ЕУ. Европската комисија неодамна им ја подотвори вратата на земјите од Западен Балкан до 2025. година со усвојувањето на посебен документ- Стратегија за Западен Балкан. Со Србија и Црна Гора веќе се водат разговори, а сигнали на надеж се испратени и кон Македонија, Албанија, Косово и БиХ.

Повеќе на темата: 

Западен Балкан - геостратешка инвестиција на ЕУ

Моја Европа: Местото на Западен Балкан е во ЕУ

Германија спаѓа во првите земји кои ја признаа независноста на Косово. Габриел синоќа повтори - Косово никогаш повеќе нема да биде дел од Србија. Германската влада натамошно ќе се залага за Косово да биде признато и од останатите членки на ЕУ: Шпанија, Романија, Кипар, Грција и Словачка. Останатите 23 ЕУ-држави веќе го имаат направено овој чекор.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми