1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Габриел: Македонската влада имаше впечатлив почеток

6 септември 2017

По средбата со македонскиот колега Димитров во Берлин, шефот на германската дипломатија Габриел порачува дека реформите мора да се спроведат, а опозицијата не смее да ги блокира

Deutschland Berlin Treffen Nikola Dimitrov und Sigmar Gabriel
Фотографија: DW/B. Georgievski

„Владата имаше впечатлив почеток преку амбициозни реформски проекти и позитивни чекори кон соседите“, изјави шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел по средбата со македонскиот ресорен колега Никола Димитров во Берлин. 
Освен честитките до Димитров и новата македонска влада на премиерот Заев за првите 100 дена на власт, Габриел вели дека сега е клучно реформите да се спроведат.  
„Сега е клучно најавените реформи да се спроведат, а реформскиот процес во Македонија да добие моментум. Само на тој начин Македонија ќе го продолжи патот на евро-атлантското приближување. Во истовреме, сакам да апелирам до актуелната опозиција да не го блокира добриот почеток на новата влада и да не одбива конструктивна соработка со владата. Затоа што, сето тоа е за доброто не само на ЕУ перспективата, туку и за граѓаните во земјата, кои се надеваат на напредок и подобрување на нивната животна ситуација“, порачува Габриел. 
Тој уште еднаш ја истакна поддршката за евроатлантската перспектива на Македонија, како и на останатите држави од Западниот Балкан. „Тоа го правиме политички, но и практично, со зборови и дела“, вели Габриел, наведувајќи го ткн. Берлински процес како конкретен пример. 

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров задоволен од посетата на БерлинФотографија: Reuters/C. Baltas

Димитров за ДВ по средбата изјави дека е многу задоволен од самиот факт што е примен од Габриел на само неколку недели пред одржувањето на парламентарните избори во Германија. 
„Сѐ заедно еден многу охрабрувачки ден за Република Македонија многу е важно и за Германија овој наш напор да успее, тоа ќе биде добро за Балканот и за ЕУ“. 
Има расположение да се инвестира, не само во политичка поддршка, туку и економски, вели Димитров. 
„Ние во Германија гледаме инспирација. Ова е посета на една од земјите кои ги сметаме за најетаблирани европски демократии“, вели Димитров за ДВ. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми