Габриел смета дека Вестервеле „нема достоинство“
27 август 2011Она што го зборува Вестервеле, како да неговите претходни одлуки довеле до пад на Гадафи, е едноставно „немање достоинство“, изјави шефот на СПД Зигмар Габриел за весникот „Рајнише Пост“. Уривањето на Гадафи се должи на храброста на многу луѓе, кои не стравувајќи за животот се бореа против режимот на Гадафи. Тоа нема врска со владата на Ангела Меркел или со нејзиниот „дезориентиран министер за надворешни работи“, оцени Габриел.
Министерот за надворешни работи Гидо Вестервеле, во текот на изминатите денови, постојано повторуваше дека одлуката на Германија да не учествува во воената операција на НАТО во Либија била исправна. Германија се заложи за меѓународна изолација на Либија и за воведување санкции, што конечно, и имаше резултат, рече Вестервеле.
Автор: ЕМФ/дв
Редактор: Т.Тосев