1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гаук ја критикува владата на Ердоган

АТ/ афп28 април 2014

Германскиот претседател Јоахим Гаук, кој е во повеќедневна посета на Турција, јасно изрази критика на сметка на владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Фотографија: Reuters

Германскиот претседател Јоахим Гаук при посетата на Турција ги критикуваше последните одлуки на владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган. По разговорот со претседателот Абдула Ѓул во Анкара Гаук зборуваше за блокадата на Твитер и Јутјуб како и за масовните повреди кај полицијата и државното обвинителство. Ѓул од своја страна укажа на демократските и политичките реформи во Турција.

Се поставува прашањето, дали мерките ја унапредувале демократијата, рече Гаук. Во неговата критика германскиот претседател го наведе и последниот спор меѓу премиерот Ердоган и претседателот на Уставниот суд. Тој во однос на владата рече дека во една правна држава судовите не се приматели на наредби. Во однос на можните турски реакции на неговата критика Гаук рече дека меѓу пријатели мора да може да се кажат работи, кои другиот можеби не сака радо да ги чуе.

Според најавите германскиот претседател Јоахим Гаук и на вечерашниот државен банкет исто така во својот говор има намера да се заложи за почитување на правата на слободите.

На официјалниот почеток на турнејата во Анкара германскиот претседател беше пречекан од неговиот турски колега со воени почести.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми