Генерален штрајк на 28-ми март
21 март 2006Реклама
Претставници на синдикатите и на студентите на средба во Париз се договорија да повикаат на штрајк во вторник наредната недела. Рене Валадон, шеф на големиот синдикат “Форс Увриер“, изјави:
“Сите синдикати повикуваат на 28 март на демонстрации и штрајкови.“
Францускиот претседател, Жак Ширак и премиерот Доминик де Вилпен, уште еднаш го бранеа планираното укинување на заштитата од отказ за приправниците и нагласија дека на тој начин земјата може да се бори против високата невработеност.