1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Од понеделник масовно вакцинирање во СЦ „Борис Трајковски“

ЖА | МИА
3 април 2021

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ в понеделник ќе почне масовно вакцинирање со вакцината Спутник V, закажани се речиси 3000 термини. Планот е да се достигнат 7000 вакцинирања дневно во земјата.

Nordmazedonien Corona Impfung | Sporthalle Boris Trajkovski
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Во салата денеска беше направена проба како ќе функционира и ќе се координира масовната вакцинација – местата каде ќе се прави приемот на граѓаните, потоа индивидуалниот преглед и вакцинирањето, пунктови каде ќе се издаваат потврди со термини за ревакцинација, местото за фижидерите за вакцините…  Ќе има тим од 20-ина медицински сестри и пет доктори во две смени, места за 15-20 минути опсервација по завршување на вакцинирањето и обележани делови за Итна медицинска помош  ако е потребно.

Задутре во оваа фаза ќе бидат имунизирани  граѓани од критична инфраструктура – луѓе што работат во МВР, АРМ, новинари, служби од Град Скопје и сите што имаат контакти – возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработените на патарините… Според планот, вакцинацијата со 20 000 руски вакцини СпутникV што ги донираше Србија, ќе се одвива на 48 пункта.

Повеќе на темата:

Анкета: Само 50% од граѓаните сакаат да се вакцинираат

Од понеделник вакцинација со „Спутник“

Започнува имунизацијата во С.Македонија – во ред за АстраЗенека

Министерот за здравство Венко Филипче при посетата на СЦ „Борис Трајковски“ изјави дека на почеток низ државата во просек ќе бидат вакцинирани  околу 4000 луѓе на ден, а верува дека за кратко време ќе се исполни и планот да се достигнат 7000 термини дневно, кога системот ќе профункционира во целост.

„Верувам дека системот добро ќе функционира. Овде го реплицираме на многу поголем простор оној систем што го имавме во Модуларната болница каде се вакцинираа здравствените работници. Верувам дека граѓаните ќе имаат и желба и волја да се вакцинираат. Со доаѓањето нови и поголеми количини вакцини овој месец, ќе се намалува се повеќе старосна граница", изјави Филипче, кој е задоволен од досегашниот тек на процесот на вакцинација низ пунктовите во земјата. 

За масовната вакцинација, во салата ќе бидат ангажирани и вработени во администрација од Министерство за здравство, здравствените домови, Институтот за јавно здравје.

„Вакцината е единствено решение за излез од Ковид-кризата“

15:47

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми