Столтенбер од генерален секретар ќе стане гувернер
4 февруари 2022Јенс Столтенберг ќе биде прв човек на норвешката централна банка откако ќе му заврши мандатот на чело на НАТО. Местото во норвешката централна банка ќе биде испразнето од 1 март годинава, но Столтенберг најавува дека најпрво ќе го заврши актуелниот мандат во Алијансата кој му истекува на крајот на септември. Столтенберг ќе се грижи за каматните стапки, менаџирање на финансиската стабилност и на норвешкиот суверен фонд, најголемиот во светот со вредност од над 1,4 билиони долари.
„Бев задолжен за идентификување на најдобриот кандидат за гувернер на централната банка на Норвешка, и убеден сум дека тоа е Јенс Столтенберг“, изјави министерот за финансии Тригве Слагсволд Ведум.
Столтенберг е на чело на НАТО од 2014 година и неговиот мандат истекува во септември. Претходно беше норвешки премиер од 2005 до 2013 година.
Кандидатурата на Столтенберг во Норвешка се смета за контроверзна затоа што тој важи за близок пријател со актуелниот премиер и сопартиец, социјалдемократот Јонас Гар Стуре.
Столтенберг е економист по вокација и во еден мандат служеше и како министер за финансии.
До преземањето на функцијата, со норвешката централна банка ќе раководи актуелната заменичка ИДа Волден Бахе, која беше меѓу кандидати и за гувернерската позиција.