1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Геншер: „Германија одамна постигна внатрешно обединување“

Кристијан Трипе/ Превод: Ж. Ацеска9 ноември 2014

Поранешниот германски министер за надворешни работи Ханс Дитрих Геншер во интервју за Дојче веле по повод 25-годишнината од падот на Ѕидот смета-„На Европа и‘ е потребен „нов почеток“.

Фотографија: DW/M.Müller

Поранешниот шеф на германската дипломатија Ханс Дитрих Геншер за Дојче веле истакнува: падот на Берлинскиот Ѕид бил изненадување во поглед на моментот, но не и во поглед на крајниот резултат. Долгорочно водената политика на опуштање всушност имала за цел надминување на поделеноста на Германија како „главна причина за тензиите во Европа“.

Геншер тврди: почетните заддршки од Велика Британија и Франција кај него не предизвикале никаква загриженост. Тој бил убеден дека тогашната британска премиерка Маргарет Тачер порано или подоцна „ќе се однесува исто така како и Американците“. Патем, погрешно е тврдењето според кое францускиот претседател Франсоа Митеран бил против германското обединување. Митеран само барал гаранции дека и „обединета Германија ќе го продолжи европскиот курс. А јас тоа можев да го кажам со чиста совест“, вели Геншер. Тој пак како бајки ги означува тврдењата според кои Франција се согласила на обединувањето на Германија само под услов Германија да се откаже од својата валута, марката и да биде воведена заедничка европска валута.

Двете страни имаат причина за обмислување

На прашањето дали, со оглед на актуелниот развој во источна Европа стравува од можно враќање на Студената војна, Геншер изјави: „Постои голема загриженост, зашто не верувам дека од шансите кои ги понуди 1989 година беше направено она што можеше да се направи.“ Затоа, потребни се напори за „на заедничката европска куќа да и‘ се обезбеди нова енергија, како што вели Горбачов. Потребен ни е нов почеток, истакнува Геншер. Во таа смисла треба да биде обновен Советот НАТО-Русија. Оваа голема придобивка е креирана токму за кризни времиња.

„Сега имаме криза, а Советот НАТО-Русија не заседава. Мислам дека двете страни имаат повод да поразмислат“. За Геншер „проблемите за кои денес се спори во Европа, се чини се прилично мали споредени со големите актуелни проблеми како на пример бегалксите движења или здравствената ситуација во светот“.

Во овој контекст Геншер меѓутоа го негира тврдењето оти Москва своевремено, пред 25 години е „пренесена жедна преку вода“ со ветувањето-НАТО нема да стигне до руските граници. Ова никогаш „не било предмет на преговори, ниту пак нивен резултат“. Во договорот станува збор за тоа што ќе се случи со областите од поранешната Германска Демократска Република:

„Тука ќе бидат стационирани само германски трупи, а не и оружје за масовно уништување, обединета Германија ќе има помалку војници отколку што имаше поделената Западна Германија“, само тоа беше договорено, вели Геншер.

„Внатрешното обединување е одамна постигнато“

Поранешниот шеф на дипломатијата, на прашањето околу актуелниот развој во Тирингија и можноста покраината да добие премиер од Партијата на левицата, Бодо Рамелов, смета: „Германската демократија е доволно јака тоа да го издржи“. Затоа, тој не би бил претерано песимист, но би препорачал будно следење на тоа што ќе произлезе од ветувањата.

Германците „одамна го постигнаа внатрешното единство“. Германија е федерална држава во која постојат многу разлики, но „оваа разноликост претставува голема сила“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми