1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Геншер: Нема стабилност во Европа, ако Западен Балкан не биде примен во ЕУ

13 декември 2011

Поранешниот германски министер за надворешни работи Ханс Дитрих Геншер ја повика ЕУ да развие нови идеи во врска со ширењето на Унијата. Според него ќе нема стабилност, ако земјите од Западен Балкан останат надвор од ЕУ.

Поранешниот германски министер за надворешни работи Ханс Дитрих Геншер бара прием во ЕУ на сите земји од Западен БалканФотографија: AP

„Неопходно е да се посвети поголемо внимание на земјите кои сакаат да пристапат кон ЕУ“, оцени Геншер на вчерашниот (12.12) собир по повод 20 годишнината од прогласувањето на независноста на Словенија и Хрватска. Собирот во Берлин, под мотото „Стабилен мир преку интеграција – Европската перспектива за Западен Балкан“, го организираа амбасадите на двете земји заедно со политичката фондација „Фридрих Нојман“, блиска до либералите на Геншер.

„Нема да има стабилност во Европа, ако не ги примиме сите држави од Западен Балкан во ЕУ како рамноправни и подеднакво вредни членки“, рече Геншер.

Осврнувајќи се на улогата на Германија во рекот на распадот на југословенската федерација, на почетокот од деведесетите години, тој наведе дека во тој момент, иако Германија беше обединета, во источниот дел на земјата се' уште биле присутни припадниците на советската армија и дека „Германија не можела да биде заинтересирана да постои некој конфликт во Европа“.

Геншер вели дека е значајно сите земји од Европа да се почитуваат подеднакво, без оглед на тоа колкава површина опфаќа нивната територијаФотографија: DW

Да се почитуваат сите земји, без оглед на нивната големина

Геншер додаде и дека признавањето на Словенија и Хрватска не можело да биде одлука само на Германија, туку дека тоа бил едногласен потег на тогашната Европска заедница.

Геншер нагласи дека основниот принцип и начелото за успех на ЕУ е почитувањето на сите членки, без оглед на нивната големина и изрази уверување дека Европа од сегашната криза ќе излезе зајакната.

„Поради тоа јас сум полн со увереност, дека ние во моментов не треба да ја победиме само кризата, туку и дека доживуваме една нова фаза во европскиот процес на учење, од кој ќе ја направиме Европа позрела и на крајот од овој развој Европа ќе излезе поцврста, каква што беше претходно“, рече Ханс Дитрих Геншер.

Тој и германскиот канцелар Хелмут Кол секогаш работеа заедно на мирно решение на југословенската конфликтна криза.

Автор: Александар Методијев / бета / дпа

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми