1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ГЕРБ го врати мандатот за состав на влада

БГ /РТР
23 април 2021

Најголемата политичка партија во Бугарија се откажа од намерите да формира влада по победата на парламентарните избори на почетокот на месецов. Шансите за предвремени избори растат.

Bulgarien | Boyko Borissov und Krassimir Karakachanov
Фотографија: BGNES

Иако партијата ГЕРБ на досегашниот премиер Бојко Борисов освои најмногу места во парламентот на изборите на 4 април, бесот поради широко распространетата корупција во земјата ја остави без потенцијални партнери во поделениот парламент.
Мандатарот за состав на новата влада, Даниел Митов му го врати мандатот на претседателот Румен Радев откако двете партии чија поддршка ја бараше ГЕРБ одбија дури и да се состанат со него.
„Со оглед на нивниот арогантен став, нема никаква поента“, изјави премиерот во заминување и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов на партиски состанок пред враќањето на мандатот.

Претседателот Радев рече дека не му се брза да и го понуди мандатот на втората најголема партија во парламентот, движењето на ТВ-водителот и пејач Слави Трифонов, оставајќи и повеќе време да ги разгледа своите опции.

Од партијата на Трифонов, „Има таков народ“ засега не ги откриваат плановите, но најавуваат дека не планираат да застанат на чело на владата, затоа што нема да имаат мнозинство дури и ако им се приклучат двете помали партии во парламентот кои се потенцијални партнери. Од друга страна, Трифонов не сака да коалицира со традиционалните партии како ГЕРБ, Социјалисти и Партијата на Турците.

Доколку не се избере влада по три обиди, парламентот мора да се распушти, и да се формира преодна влада која ќе распише нови избори во рок од два месеци.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми