1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Германец меѓу добитниците на Нобеловата награда за физика

ЕМФ | агенции
6 октомври 2020

Нобеловата награда за физика годинава оди половина во рацете на Британецот Роџер Пенроуз, а половина во рацете на Германецот Рајнхард Генцел и Американката Андреа Гец за нивните истражувања на црните дупки.

Nobelpreis für Physik 2020 Roger Penrose, Reinhard Genzel, Andrea Ghez
Фотографија: Fredrik Sandberg/TT/picture-alliance

Кралската академија на науки во Стокхолм соопшти дека Роџер Пенроуз ја добива наградата за откритието на генијални математички методи за истражување на теоријата на релативитет на Алберт Ајнштајн. Тој покажал дека „создавањето на црните дупки е робустна прогноза на општата теорија на релативност“.

Нoбеловата награда за физика на Рајнхард Генцел и Андреа Гец им се доделува за откритието на „екстремно тежок објект во центарот на Млечниот пат“.

Повеќе:

Нобелова награда за медицина за откривање на вирусот Хепатитис Ц

Недела на Нобеловата награда - дали во 2020 ќе има повеќе жени лауреати?

И минатата година со Нобелова награда беа наградени откритија кои придонесуваат за подобро разбирање на вселената. Во 2019 година наградата за физика ја добија американскиот космолог Џејмс Пиблс и Швајцарците кои открија егзопланета, Мишел Мајор и Дидие Кело.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми