1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Врзете си ги кучињата за да не плаќате казни

2 ноември 2018

Џогер кој се повредил обидувајќи се да избегне куче треба да добие компензација, одлучи суд во Германија. Сопственикот на кучето неуспешно аргументираше дека животното „само сакало да си игра“ и без намера да повреди

Hovawart
Фотографија: picture-alliance/imageBroker

Аргументот „кучето само си играше“ не ги ослободува од вина сопствениците доколку некој се повреди додека нивното милениче не е врзано, одлучи германски суд во средата.

Регионалниот суд во Кобленц одлучи дека луѓето имаат право да користат „ефективни одбранбени мерки“ за да се одбранат од куче кое не е врзано.

Со оглед на тоа што однесувањето на животните може да биде непредвидливо, од луѓето кои среќаваат кучиња не може да се очекува самите да проценуваат дали однесувањето на животното претставува закана, соопшти судот. Во соопштението се додава дека постои уште поголема опасност доколку некое лице погрешно го процени однесувањето на животното.

Кога прошетката ќе тргне наопаку

Случајот пред судот во Кобленц се однесува на спор меѓу еден џогер и сопствениците на куче кое било пуштено да се шета во паркот. Човекот џогирал со своето куче кога им се доближило пуштеното куче. Кога кучето не реагирало на неговите извици, тој земал гранка во обид да го избрка, но се препнал и ја повредил ногата, по што морал да биде опериран.

#DE_facto: Германците и куќните миленичиња

02:59

This browser does not support the video element.

Џогерот ги тужел сопствениците на кучето, барајќи отштета, но тие ја отфрлиле тужбата со образложение дека нивното куче било пријателски настроено и само сакало да си игра со неговото куче. Џогерот немал потреба да се брани од нивното куче и самиот е виновен за несреќата, гласеше нивната одбрана.

Но судот го отфрли ваквиот аргумент и утврди дека сопствениците на агресивното куче се виновни доколку некое лице се повреди поради нивното животно.

Во пресудата, судот наведува дека сопствениците го нарушиле правилото дека неврзано куче не смее да се пушта да шета без контрола, односно да биде надвор од видното поле на сопственикот.
Во Германија е вообичаено кучињата да се пуштаат да шетаат неврзани, особено надвор од градовите. Но тие мораат во секој момент да бидат под контрола и супервизија на сопствениците.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми