1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија бара 1.000.000 работници

Среќко Матиќ
29 јуни 2018

На Германија ѝ недостасуваат стручњаци - повеќе од кога било порано. Недостатокот на стручна работна сила на економијата ѝ носи загуба од околу 30 милиони евра. Дали во Германија е навистина лесно да се најде работа?

#DE_facto Kroatisch Bosnisch - Srecko Matic
Фотографија: DW

Работа има, а нема работници - и тоа е голем проблем на кој укажуваат сѐ повеќе германски фирми. На Германија во моментов ѝ недостасуваат 440.000 висококвалификувани работници.

Само во електроиндустријата има кусок од 50.000 инжинери, во ИТ-секторот околу 55.000 стручњаци, додека во машиноградбата околу 11.000 - односно 50% повеќе од минатата година.

#DE_facto: Германија бара еден милион работници

02:27

This browser does not support the video element.

Во меѓувреме дури 60% од германските фирми истакнуваат дека недостатокот на квалификувани работници им е најголем деловен проблем.

Повеќе: 

Германија: новиот модел за вработување луѓе од Балканот функционира добро

По 14 македонски работници дневно доаѓаат во Германија

Според некои прогнози, на Германија во 2030 година може да ѝ недостасуваат преку 3 милиони квалификувани работници.

Во моментов слободни се преку 1 милион работни места, но има и исто толку долгорочно невработени лица. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми