1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Стотици илјади вакцини на АстраЗенека стојат неискористени

БГ /АФП
19 февруари 2021

Лекари и здравствени функционери апелираа до своите сограѓани во Германија да ја примат вакцината на АстраЗенека против коронавирусот. Интересот паѓа по сомнежите во нејзината функционалност

Weltspiegel 18.02.2021 | AstraZeneca - Impfstoff
Фотографија: Stephane Mahe/REUTERS

И покрај трката за побрза набавка и вакцинирање ширум светот, германските здравствени установи пријавуваат дека им останале стотици илјади неискористени вакцини АстраЗенека бидејќи граѓаните не доаѓаат на закажаните термини.
И властите во Италија, Австрија и Бугарија забележуваат сличен тренд и отпор на јавноста кон вакцините на британскиот производител.

„Доколку ви се нуди опцијата меѓу АстраЗенека сега или друга вакцина за неколку месеци, дефинитивно треба да се одлучите за АстраЗенека сега“, апелираше Карстен Вацл, генерален секретар на Германското друштво за имунологија.
„Да се тврди дека вакцината на АстраЗенека е од втора класа- од научен и од аспект на јавното здравје- е погрешно до смрт“, рече Вацл.

Министерот за здравство Јенс Шпан се приклучи кон апелот, оценувајќи дека сите три вакцини кои се одобрени во ЕУ- АстраЗенека, Фајзер и Модерна- се „безбедни и ефективни“, и покрај различното ниво на ефикасност.

Голем број граѓани одбиваат да се вакцинираат со АстраЗенекаФотографија: Tessa Walther/DW

За разлика од АстраЗенека за која студиите утврдија околу 60% ефикасност, останатите две имаат околу 95% ефикасност.

Но, проблемите со имиџот на британската вакцина потекнуваат најмногу од препораките кои ги издадоа германските здравствени авторитети минатиот месец, кога одлучија таа да не се дава на лица над 64 годишна возраст поради намалена ефективност. Дополнително, во таквата кампања се вклучија и неколку германски медиуми кои објавија дека ефикасноста на вакцината кај лица над 65 години е само 10 проценти- тврдења кои беа демантирани од германската влада и самата компанија производител.
На почетокот на месецов, Јужна Африка ја прекина вакцинацијата со АстраЗенека откако беше утврдено дека таа не делува на мутацијата присутна во таа земја.
Од вкупно 740,000 вакцини на АстраЗенека кои досега беа испорачани во Германија, искористени се само околу 107,000, соопшти Инстиутот Роберт Кох.
За да не пропаднат дозите, министерот Шпан најави дека вакцините ќе им бидат давани на полицајците кои првично требаше да бидат во подоцнежната група. Анкетите покажуваат дека само 30 отсто од Германците на возраст под 65 години би прифатиле да бидат вакцинирани со неа, наместо да чекаат друга. Досега само 3,6 проценти од германското население ја добиле првата од потребните две дози вакцини.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми