1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германија: Олеснувања за вакцинираните и оздравените

ЕМФ | АРД
6 мај 2021

Германскиот Бундестаг се изјасни за разлабавување на рестрикциите за вакцинираните и лицата кои прележале Ковид-19.

Deutschland Coronapandemie | Symbolbild Hamburg
Фотографија: Georg Wendt/dpa/picture alliance

За целосно вакцинираните, значи оние кои добиле две дози, или во случајот со вакцината на Џонсон и Џонсон една доза, и за лицата кои прележале Ковид-19 и оздравеле, треба да отпаднат многу од корона-рестрикциите кои во моментов важат во Германија.

Бундестагот денеска со големо мнозинствo гласаше „за“ уредбата предложена од Владата. Уредбата доби зелено светло од пратениците на ЦДУ, ЦСУ, СПД, Зелените и Левицата, воздржани беа Либералите, а против беа пратениците на деснопопулистичката АфД.

Бундестагот со големо мнозинствo гласаше „за“ уредбата предложена од ВладатаФотографија: Christoph Hardt/Geisler-Fotopres/picture alliance

Доколку за разлабавување на мерките за вакцинираните и оздравените утре гласа и Бундесратот, тогаш тие веќе од викендот ќе можат да уживаат во активности кои досега им беа резерврани само на оние кои приложиле негативен корона-тест.

Повеќе:

Веќе од сабота, повеќе слободи за вакцинираните Германци

Чудото од Лиг- германско село без ниту еден случај на Ковид-19

Германија: Без забрани за излегување и ограничување на контакти за вакцинираните

На целосно вакцинираните и оздравените лица веќе нема да им биде потребен негативен тест кога одат на купување, на фризер или во посета на ботаничка градина, на пример. Исто така за нив отпаѓаат и ограничувањата на движењето. Но, сепак, и натаму ќе мора да носат маски и да држат пропишано растојание.

Прошетка во Русија и вакцинирање

02:17

This browser does not support the video element.

Освен тоа, вакцинираните и оздравените ќе може да се среќаваат без ограничувања. На средбите со други лица тие нема да се бројат. На пример, во региони со висока стапка на зараза две невакцинирани лица ќе може да се среќаваат со неограничен број вакцинирани лица. И обврската за карантин за луѓето кои доаѓаат од странство во принцип нема да важи за вакцинираните и оздравените, освен ако контакт-лицето е заразено со варијанта на вирусот која во Германија сѐ уште ја нема, а која ја има „загрижувачки својства“. Обврската за карантин ќе важи и натаму за лицата кои доаѓаат од региони каде се раширени варијанти на коронавирусот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми