1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германија: Вакцини за деца

28 мај 2021

Децата и младите во САД веќе се вакцинираат, Германија сака да го следи тој пример.

USA Impfung Jugenliche
Вакцинирањето на деца и млади во САД е во текФотографија: Jeff Kowalsky/AFP/Getty Images

Корона-самитот во Канцлерамтот беше многу побрз и поконцентриран отколку претходните. Канцеларката Ангела Меркел и премиерите на 16-те покраини овојпат на заседаваа до долго во ноќта. Очигледно се сакаше да се избегне впечаток за неединство или неспособност за дејствување. Во фокусот беше напредокот во процесот на вакцинација во земјата. Канцеларката по самитот изјави: „Со невообичаена енергија се работи на спроведување на вакцинирањето со најбрзо можно темпо, како во центрите за вакцинација, така и во лекарските ординации.“

Специјална тема на самитот беше планот на министерот за здравство Јенс Шпан за вакцинирање на децата и младите по можност најдоцна до крајот на август. Сите поаѓаат од тоа дека Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе даде дозвола за вакцината Бионтек/Фајзер за деца на возраст од 12 до 15 години. Меѓутоа, потоа согласност треба да даде и националната „Постојана комисија за вакцини“ (СТИКО), советодавно тело на владата составено од 18 научници. А, СТИКО по тоа прашање се колеба.

Повеќе: Вакцини за деца: Германската влада се расправа со експерти

И покрај постоечките нејаснотии, канцеларката и покраинските премиери донесоа заклучок за вакцинирање на децата, иако берлинскиот градоначалник Михаел Милер пред средбата рече: „Мислам дека многумина денеска ќе побараат јасност пред да се почне со вакцинирање.“

Корона-самитот овојпат траеше пократкоФотографија: Steffen Kugler/Bundesregierung/dpa/picture alliance

За расчистување на деталите има уште време. На 7 јуни би требало да се почне со имунизација на младите. Во земјата, на возраст од 12 до 18 години се околу пет милиони лица. Министерството за здравство смета дека до крајот на август треба да се обезбедат околу 3,2 милиони дози, затоа што не сите родители сакаат да го вакцинираат своето дете. Владата проценува дека тоа ќе го сторат околу 60% од нив. Обврска за вакцинирање нема да има, повторуваат канцеларката Меркел и министерот Шпан.

Повеќе: Колку се навистина неопходни ковид-вакцините за деца и млади?

Досега многу виролози аргументираа дека сѐ уште е нејасно какви последици има инфекција со коронавирус во оваа возрасна група и колку се тешко можните долгорочни последици од заразување. Со други зборови: сѐ уште не е јасно дали младите сега навистина би морале да се вакцинираат брзо, или ризикот тие да заболат навистина сериозно се мали.

Повеќе: Колку родители би си ги вакцинирале децата против Ковид?

За разлика од досегашните самити, овојпат повеќе покраински премиери дојдоа лично во Канцлерамтот во Берлин. Тоа би требало да е знак на благо попуштање на корона-кризата во Германија. Инциденцијата е во опаѓање и вчера изнесуваше 41. Во меѓувреме, како што се вели, барем еднаш се вакцинирани над 40% од населението. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми