1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија воведува минимална пензија

Лиза Хенел | Ралф Бозен
11 ноември 2019

По повеќемесечни препирања во владејачката коалиција, постигната е спогодба за основна пензија. Договорот предвидува исплата на пензиски додаток за ниски пензии. Ќе се проверуваат само пензинските приходи, а не и имотот.

Senioren-Paar auf einer Bank auf einem Deich
Фотографија: picture-alliance/imageBroker/M. Dietrich

„Пресековме голем јазол“, изјави претседателката на ЦДУ, Анегрет Крамп-Каренбауер во Берлин. Таа го објави договорот заедно со ВД претседателката на СПД, Малу Дрејер и шефот на ЦСУ, Маркус Зедер.

Лицата кои најмалку 35 години уплаќале придонеси, но и покрај тоа имаат ниски пензии, од државата ќе добијат пензиски додаток. Ваков додаток ќе добиваат и самците, доколку пензијата им е помала од 1250 евра, како и двојките чии пензии се помали од 1950 евра. Се проценува дека пензиски додаток ќе добиваат меѓу еден милион и двесте и еден милион и петстотини илјади пензионери, а тоа ќе ја чини државната каса од една милијарда до милијарда и петстотини илјади евра. Пензискиот додаток треба да почне да се исплаќа од 2021 година. И досега во Германија имаше финаниски додаток за лицата со ниски пензии, но тоа беше социјална помош која ја исплаќаа социјалните служби.

Маркус Зедер, Анегрет Крамп-Каренбауер и Малу ДрејерФотографија: picture-alliance/dpa/S. Stache

Што е минимална пензија?

За луѓето по долгогодишна напорна работа и редовна уплата во пензискиот фонд, на крајот да не останат социјални случаи, владејечката коалиција договори воведување на минимална пензија. Оној кој работел со години, растел деца или се грижел за постари или болни лица во своето семејство, ќе добива пензија значително повисока од егзистенцијалниот минимум кој досега го гарантираше социјалниот систем. Услов за тоа е лицето да има минимум 35 години стаж, во кој влегуваат и уплатите во пензиски фонд за време на работниот век, грижата за децата или негување на стари или болни лица во сопственото семејство. Според проценките, бројот на потенцијални корисници е некаде од 320.000 (според Институтот за емпириски социјални и економски истражувања) до речиси три милиони (според студијата на фондацијата Бертелсман и Институтот за германска економија).

Повеќе: 

Многу работа, мала пензија: Германија дискутира за воведување минимална пензија

Митови и факти за германските пензии

Сиромаштијата на пензионираните гастарбајтери во Германија

Проверка на потребата за исплата на пензиски додаток

Во коалицискиот договор на ЦДУ, ЦСУ и СПД првично беше предвидено потребата за исплата на пензиски додаток да се проверува на ист начин како што досега се проверуваше потребата за исплата на социјална помош. Но, СПД подоцна се спротивстави на ова, па проверката на имотот на пензионерите и нивните партнери изостана. Ќе се проверуваат само приходите на пензионерите. Тоа значи дека покрај пензиите (од сите категории) ќе се проверуваат и приходите од наем на недвижности, камати, акции и сл. Но, не и имотот. Тоа значи дека теоретски е можно некој да живее и во сопствена куќа (лична сопственост или заедничка со партнерот), но поради малата пензија да добива и пензиски додаток од државата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми