1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија во борба против зависностите

16 февруари 2012

Осаменоста, прекумерното користење на дигиталните медиуми и новите дроги ја ставаат државната политиката за заштита пред тест. Германската влада реагира со модерна стратегија. Главен проблем останува алкохолот.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Со години Германците се меѓу народите кои најмногу конзумираат алкохол. Секое трето криминално дело е направено под дејство на алкохол. Трошоците за третирање на болестите предизвикани од алкохолизам изнесуваат 26,7 милијарди евра. Објаснување за статистичките хорор слики се бара делумно во социјалната реалност. Поради дезинтеграцијата на семејствата и осаменоста многу луѓе посегнуваат по шишето со алкохол.

Германската комесарка за борба против дроги Мехтилд ДикмансФотографија: picture-alliance/dpa

И покрај малото намалување на годишната конзумација на алкохол, во стратегијата за борба со зависностите тој стои на првото место. Посебно пијанките меѓу младите треба преку едукациони кампањи да се стават под контрола. Државата не сака дополнително да ги ограничи рекламите за алкохол, бидејќи се верува дека компаниите имаат на ум дека треба да ги заштитат младите, рече германската комесарка за дроги Мехтилд Дикманс вчера (15.02.) во Берлин.

Во Германија пијалоци со висок процент на алкохол смеат да купуваат возрасни лица над 18 години, додека пивото, виното и мешаните пијалоци дозволено е да ги купуваат и лица од 16 годишна возраст. Сојузната покраина Баден-Виртемберг пред две години го забрани купувањето навечер на алкохол на бензинските пумпи.

Зависност од интернет

Втор проблем на зависност во Германија останува тутунот, иако бројот на пушачите се намали, а посебно меѓу младите луѓе е постигнат историски пад. Меѓу новите опасности, кои државата ги идентификува посебно за младите, се т.н. „легал хајс“, или синтетички дроги кои се конзумираат во ризични миксови, како и зголемената зависност од играње игри преку интернет.

Во групата од 14 до 24 годишни лица има околу 250.000 интернет зависници во Германија. Навистина интернет зависноста меѓународно не се дефинира како болест, но успехот на медицинското и психијатриско лечење на оние, кои се етикетирани од останатите, е ако се следи тоа како ментална болест.

Поголема помош за мигрантите

Владината стратегија за борба со зависностите обрнува посебно внимание на проблемите на мигрантите. Тука треба да се земат предвид посебните културни обележја. Тинејџерите со руско потекло постои поголема веројатност да користат опијати, додека муслиманите е поверојатно да конзумираат канабис или алкохол.

Во Германија има околу 250.000 зависници од интернет на возраст меѓу 14 и 24 годиниФотографија: DW

Младите лица со мигрантско потекло се пред поголем ризик да развијат зависност од коцкање. А, за оние кои не го зборуваат добро германскиот јазик, пристапот до помош и соодветен третман станува покомплициран. Поради тоа, министерството за здравство промовира годинава повеќе проекти за подобро вклучување на мигрантите во помошта за заштита, како и помошта за одвикнување од дроги.

Општо земено, владата сака пред се’ да превенира и да интервенира во рана фаза, како и да им помогне конкретно на ризичните групи.

Автор: Бернд Греслер / Александар Методијев

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми