1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Германија во грч пред натпреварот со Шведска - сѐ или ништо

ЖА / агенции
23 јуни 2018

Светскиот фудбалски првак има итна потреба од победа во втората средба во групата во Сочи. Тренерот Јоахим Лев од својата екипа бара вложување максимална енергија.

Fußball WM 2018 Gruppe F Deutschland - Mexiko
Фотографија: Reuters/K. Pfaffenbach

За бранителот на титулата, Германија, натпреварот со екипата на Шведска на Светското фудбалско првенство во Русија 2018, вечер во 20 часот, е речиси судбоносен. Светскиот првак има итна потреба од победа во втората средба во групата во Сочи. Победа води натамошно учество во игрите на Мундијалот, а пораз ќе значи комплетен дебакл. По резултатот од 0:1 против Мексико, тренерот Јоахим Лев од својата екипа бара вложување максимална енергија. Во дуелот германската репрезентација најверојатно ќе влезе без Матс Хумелс, одбранбениот играч се повредил на тренинг.

Германските медиуми зборуваат за „сѐ или ништо“, а фудбалските навивачи се во вистински грч. Еден мал показател на националната „емоционална состојба“: некои супермаркети најавија предвремено затворање за „на своите вработени да им овозможат да го следат фудбалскиот натпревар“.

Екипата на Шведска демонстрира самоувереност, а шведските навивачи во Русија се убедени во победа на своите миленици.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми